ESPORTS.MK

PPD нов тренер на Alliance

PPD нов тренер на Alliance
мај 09
13:07 2021

Alliance во своите редови го донесе шампинонот на The Internacional 5, Peter “PPD” Dager, како втор тренер во нивниот Дота 2 тим.

Одговорното лице за стратегија во Alliance, Kelly Ong Xiao Wei го изјави следното:

Што е подобро од тоа да имате TI шампион како тренер во еден Дота 2 тим? Да имате два.

PPD ќе му се придружи на Jonathan ‘Loda’ Berg во формирањето на нови стратегии со цел да се продолжи со победничата серија на овој тим.

Моментално Alliance се на врвот на табелата во DreamLeague Season 15 во втората DPC сезона од 2021 година, со победи над тимови како Team Liquid, OG, Team Nigma и Team Secret. Моментално се на првото место во лигата со резултат од 4-1, а единствениот пораз што го имаат се од тимот Brame во последниот одигран меч.

PPD ќе биде на пробен период како тренер во тимот до крајот на втората DPC сезона, но од него се очекува голем придонес за напредокот на овој тим, со оглед на огромното знаење што го има стекнато од долгата кариера.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK