ESPORTS.MK

PPD ги напушти SADBOYS

PPD ги напушти SADBOYS
март 07
14:24 2021

SADBOYS без PPD во втората DPC сезона за 2021.

Тимот од Северна Америка, SADBOYS, се оформи на крајот на 2020 година, со цел да се натпреварува во новата DPC сезона во 2021. Покрај тоа што успеаа да се квалификуваат во горната дивизија на DPC во Северна Америка, нивниот резултат не беше задоволителен. Сезоната ја завршија со конечен резултат од 2 – 5, а завршија на петтото место на табелата по одиграни решавачки мечеви против A-Team и Black N Yellow, за да се утврди кој од овие три тима ќe преминат во долната дивизија на DPC во втората сезона.

Кариерата на PPD е долга и исполнета со трофеи. Како капитен на Evil Geniuses го освоија The International 2015, но последните неколку години беа полни со промени за него, каде што на неколку наврати најавуваше завршување на кариерата, но повторно се враќаше на професионална сцена, бидејќи жарот за натпреварување тешко згаснува.

Овој играч има големо познавање од играта и често го гледаме како коментатор и аналитичар на големи турнири во Дота 2, а сеуште е сметан за еден од најдобите драфтери во играта.

Втората DPC сезона за 2021 започнува во Април, за кратко време одкако ќе заврши Singapore Major. Ова му дава време на PPD да најде нов тим за да игра во втората сезона на DPC.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK