ESPORTS.MK

PoohManDu му се придружува на Vici Gaming како помошник тренер и повторно се соедини со KkOma

PoohManDu му се придружува на Vici Gaming како помошник тренер и повторно се соедини со KkOma
декември 20
17:03 2019

Поранешниот support играч на Т1 и тренер на Sengoku Gaming Lee “PoohMandu” Jeong-hyeon ја напушти Јапонија за да се соедини со Kim “KkOma” Jeong-gyun.

PoohManDu се повлече од League of Legends во 2014 година и оттогаш бил тренер во Јужна Кореја, Кина, Европа и Јапонија. По завршување на шесто место на LJL, тој се врати како нов помошник тренер во Vici Gaming за сезона 2020.

PoohManDu беше еден од основачите на support улогата. Тој го освои Worlds со тимот Т1, но откако имаше здравствени проблеми тој се повлече од играта за да се фокусира на закрепнувањето.

После оздравувањето PoohManDu се врати во својата улога како тренер. Настрана од своето време со тимот Т1 тој немал видено голем успех како главен тренер, но како помошник тренер тој бил многу важен, потврдува KkOma.

PoohManDu ќе се придружи на речиси целосно новиот Vici Gaming. Тимот претрпел период на реструктурирање, заменуваќи ги повеќето свои играчи и тренерски персонал, откако заврши во долниот дел на LPL Summer Split. Тој ќе биде тренер со Yang “Maokai” Ji-Song и Zhang “Kinte” Hao.

Тимот ќе се обиде да го подобри својот лош рекорд од 2019 година со помош на KkOma, PoohManDu и ѕвездата AD carry Hu “iBoy” Xian-Zhao.

Vici Gaming ќе се обиде да го крене своето име во 2020 година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK