ESPORTS.MK

Помина алфа тестирањето и во тек е бета тестирањето на League of Legends Wild Rift

Помина алфа тестирањето и во тек е бета тестирањето на League of Legends Wild Rift
септември 27
12:30 2020

Сите со нетрпение ја очекуваа мобилната верзија на League of Legends односно Wild Rift уште од Октомври 2019 кога играта беше прикажана во јавноста.

Долго време компанијата Riot немаше објавено никаква информација со излегување на играта се до 29 Мај, кога излезе видеото за првото Алфа тестирање што следуваше само за играчите од Бразил и Филипините. Беа објавени првите шампиони, скинови, итеми и слично кои доаѓаа со првото Алфа тестирање.

После краткиот период на Алфа тестирањето, Riot направи пауза околу информациите во врска со тоа што понатаму со играта, дали ќе има следно тестирање, затворено Бета тестирање, отворено Бета тестирање, публиката и играчите беа доста нетрпеливи и желни за новости во врска со играта што едноставно социјалните мрежи беа преплавени од прашања.

Бидеќи играта на самиот почеток (Алфа тест) беше достапна само за корисниците на Android, на 11 Септември на официјалната страна од LoL Wild Rift беше објавено дека играта ќе биде достапна за регистрирање и за корисниците на iOS со што на публиката и беше јасно дека се наближува и Бета тестирањето со што социјалните мрежи пливаја од прашања и информации.

На 15 Септември беше моментот кој сите долго време го чекаа односно известувањето за затвореното Бета тестирање кое беше на почетокот достапно само за одредени региони како Филипините, Индонезија, Сингапор, Малезија и Тајланд а беше известено исто така дека во иднина ќе бидат додадени и други региони до крајот на месецот. Поголемиот дел од играчите кои учествуваа во затвореното Бета тестирање беа Android корисници додека iOS корисниците ги имаше во помал број. Исто така за сите играчи кои учествуваат во ова затворено Бета тестирање при самото завршување нивните рангови ќе бидат ресетирани на нула, а оние кои ќе направат било какво купување (скинови, шампиони и слично) кога ќе заврши тестирањето истите ќе го добијат износот што го потрошиле на својот акаунт со дополнителни 20% бонус како благодарност од Riot за нивното учество и помагање околу играта.

Затвореното Бета тестирање е веќе во тек и ќе биде до крајот на септември почетокот на октомври, а што после него дали ќе очекување отворено Бета тестирање или официјално пуштање на играта во употреба останува да дознаеме во иднина па до тогаш останете во добро здравје и уживајте во стримовите од оние кои веќе ја играат. Во продолжение како изгледа League of Legends Wild Rift на Бета тестирањето, цел меч со Ezreal.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK