ESPORTS.MK

Поместен ESL One Rio Major поради корона вирусот

Поместен ESL One Rio Major  поради корона вирусот
март 23
21:39 2020

ESL One Rio Major-от е поместен поради корона вирусот, наградниот фонд зголемен на 2милиона долари а откажан вториот Major.

Новиот датум за турнирот е закажан за во ноември изјави ESL.

Турнирот, кој требаше да се одржи од 11-24 мај, Champions Stage ќе се одржува на првобитното место, „Арената Jeunesse“, од 19-22 ноември. Со ова го земаат слотот во календарската година што беше резервиран за 2020 Fall Major, што значи дека, за прв пат од 2013 година, кога се одржа првиот мајор, ќе има само еден Major турнир во календарската година.

Поништувањето на вториот мајор од 2020 година претставува зголемување на наградниот фонд за ESL One Rio, што ќе понуди 2 милиони американски долари – рекорден награден фонд за CSGO турнир.

 

Соопштението доаѓа како мало изненадување, бидејќи масовните настани за собирање се одложуваат или едноставно откажани низ целиот свет.

Претходно овој месец, Valve реши да го откаже EPICENTAR Major-от за Dota 2, закажан за 2-10 мај, што потврдија дека Major-от во Рио нема да се одвива како што беше планирано. За време на пишувањето, имало 1546 потврдени случаи на вирсуот корона во Бразил и 25 смртни случаи, од кои три во Rio de Janeiro.

„Нашата одлука е исклучително тешка, но здравјето и безбедноста мора да имаат апсолутен приоритет“, рече Ulrich Schulze, потпретседател во ESL.

„Со оглед на многу тешките околности за настани во живо, ние сепак сакавме да им дадеме на бразилските навивачи Major што го заслужуваат.

„Бараме сите да останат безбедни и задоволни сме што можеме да продолжиме да испорачуваме квалитетен CS и им помагаме на заедницата за време на овие вознемирувачки периоди, додека ние го подготвуваме Major-от во Рио“.

Следните тимови се имаат квалификувано за Мајор-от:

New Challengers Stage

 

France G2

Europe mousesports

Europe FaZe

Europe c0ntact

Denmark North

Brazil MIBR

New Legends Stage

 

RussiaNatus Vincere

Denmark Astralis

United States Liquid

United States Evil Geniuses

Australia 100 Thieves

France Vitality

Kazakhstan Virtus.pro

Finland ENCE

 

Луѓето со веќе купени билети за Major-от тие ќе им важат за презакажаниот датум во ноември или да побараат поврат на парите.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ