
По големиот успех што го постигнавме како држава на Европскиот Куп на Нации каде го освоивме првото место во Counter Strike: Global Offensive со нашата репрезентација, и со освоеното солидно четврто место од страна на Давид Гаревски во PES2021, дојде редот кога нашите репрезентативци ќе играат во регуларниот дел од регионалните квалификации за претстојното Светско Првенство што ќе се оддржи во Ејлат, Израел.
Официјалните наслови кои ќе се играат на Светското Првенство се CSGO, Dota2, PES21 и Tekken7. Нашите репрезентативци досега со добро познати на јавноста односно тимовите на BLUEJAYS (CSGO) и Blade Esports (Dota2) и нашите индивидуални претставници односно Давид Гаревски (PES21) и Стефан Глигоров (Tekken 7).
Регионалните натпревари во склоп на СП се закажани да се одиграат од 11 септември до 11 октомври, а први ние ќе го скршиме мразот во групата Б против репрезентациите на Албанија и Косово во Dota2.
Првите меч во Dota2 е закажан за денес со почеток од 19:30 часот и ќе се емитува пренесува на официјалниот Twitch канал на МЕСФ, twitch.tv/mesf_tv.
Да им посакаме среќа на нашите атлети на претстојните игри со надеж дека ќе ја минат оваа фаза од СП и дека ќе се квалификуваат за главниот настан.