ESPORTS.MK

Почина легендарниот Филипински кастер во Дота 2

Почина легендарниот Филипински кастер во Дота 2
август 27
16:57 2021

Тежок ден за Филипинските фанови на Дота 2, почина Aldrin “Dunoo” Pangan.

Легендарниот глас кој ни ја донесе “Lakad Matatag”, почина денеска од Ковид – 19.

Duno, исто така познат низ круговите на Дота 2 како Kuya D, беше еден од најдобрите кастери од Филипините, кој со голема страст и желба ги пренесуваше натпреварите.

Со неговиот ко-кастер Marlon “Lon“ Marcelo, Duno ни ја достави можеби и најкористената фраза во Дота 2, и на The International 8 и 9, посебно од страна на победниците OG, Lakad matataaaaag! Normalin! Normalin.

Оваа фраза која грубо преведено значи ” чекори силно” беше кажана на натпревар на The International 7, помеѓу Fanatic и Team Secret. Непосредно после тоа, Valve ја вметна оваа фраза во chat wheel, и за кратко време целата про сцена ја користеше во игра.

Покрај најпознатата фраза во Дота 2, Duno ќе остане запаметен и по Esiest money of my life, Echo Slamma Jamma, The next level play, Oyoy oy oy , oy oy “ и многу други.

Тажен ден за сите фанови на Дота 2.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK