ESPORTS.MK

Победници на CEE Champions се Grazhtas од Литванија

Победници на CEE Champions се Grazhtas од Литванија
ноември 02
12:22 2020

Литванската екипа го освои турнирот и го земаа поголемиот дел од наградниот фонд кој изнесуваше 15.000$.

Како пред меч на големото финале го имавме мечот за трето место помеѓу чешката екипа SINNERS и романците GameAgents. Сето ова ни беше како загревање за големото финале.

Третото место им припадна на чешката екипа. Тие беа подобри од романците и го завршија мечот во само две мапи односно на Inferno (16:6) кој беше пик на чесите, и на Train (16:13) кој беше пик на романците.

За најефикасни играчи на тој меч ги имавме Jindřich ‘ZEDKO‘ Chyba и Hubert ‘CaNNiE‘ Ludwig кои имаа неверојатен придонес кон победата на чешката екипа.

Потоа го проследивме финалето од CEE Champions каде ги имавме хрватската екипа GamerS1337 vs литванскиот Grazhtas.

Мап ветото беше следно: Mirage(пик на хрватите), Vertigo(пик на литванците) и како одлучувачка мапа беше Inferno.

Пиковите на двете мапи беа оправдани поради тоа што и двете екипи имат фантастични статистики на мапите, односно литванците низ целиот турнир немаа пораз на Vertigo. И секако знаеме дека на одлучувачката мапа и двете екипи имаат одлични статистики.

За почеток ја имавме Mirage, играта беше блиска и се разменуваа рунди но успехот на хрватските играчи да го завршат првиот халф со позитива од 9-6, и го имавме и фантастичниот 1v2 од страна на Filip „DEPRESHN“ Jarkic за да ја добијат втората пиштол рунда.

Пиштол рундата беше една од клучните рунди кои GamerS1337 ја добија за да ги победат литванците на првата мапа со резултат од 16-12.

Потоа на ред ја имавме Vertigo односно go-to мапата на Grazhtas каде немаат пораз, и секако нивна низа на победи на Vertigo ја започнаа фантастично каде во првиот халф тие имаа голема предност од 11-4 и завршија со рутинска победа од 16-7.

Интересен клип од втората мапа го имаме неверојатниот Justinas „jL“ Lekavicius каде што успеа да направи 3 фрага на преземањето на A сајт-от.

За крај ја имавме одлучувачката мапа, односно Inferno како што двата тимови играа до крај и дадоа се од себе. Хрватите фантастично го започнаа првиот халф на T страната тие земаа 7 рунди наспроти 8-те на литванците. Како течеше мечот екипите разменуваа рунда за рунда и некако стигнаа до продолжетоци. Мапата беше неизвесна и двете екипи имаа по неколку шанси да го затворат мечот но на крајот литванската екипа успеа да ги победи со финален резултат од 25:23.

Еве и клип каде што ги имаме хрватската екипа со фантастичен напад на B сајт-от, и одличен пример за како треба и вие да ги користите своите бомби во вашите понатамошни мечеви.

Ние им честитаме на победниците и секако ги поздравуваме сите други екипи со нивните постигнати успеси и им посакуваме понатамошни успеси на големата сцена!

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK