ESPORTS.MK

Започна плејоф-от на CEE Champions

Започна плејоф-от на CEE Champions
октомври 26
20:13 2020

Изминатиот викенд го имавме плеј оф-от од фантастичниот турнир CEE Champions.

За жал само една од нашите екипи успеа да ја помине групната фаза односно тимот на GodZ1337, а додека екипата на GoodGame за жал испаднаа од романската тим на GameAgents.

Екипата на GodZ1337 се избори за третото место во групата А, нив им се падна противник од групата Ц кој за жал беше романската екипа GameAgents.

Форматот на мечот беше BO3 односно мапите беа следниве: Nuke пик на романците, Mirage пик на GodZ1337 а како одлучувачка мапа беше оставена Dust2.

На првата мапата нашите момци имаа добар почеток со тоа што започнаа на CT страната и ја добија пиштол рундата но романците со поставената бомба од првата рунда успеаја да склопат добра force buy рунда и да го изедначат резултатот на 1-1 но тој резултат беше краткотраен со тоа што терористите го предводеа мечот наредните неколку рунди и дојдоа до резултат од 9-1.

По што нашите момци успеаја да земат една рунда и успешно ги победија и наредните 2 со што на полувреме отидоа со дефицит од 4-11. Нашите момци успеаја да се вратат во мечот се до резултат од 10-14 исто така имавме фантастичен фраг highlight од страна на Ahmet „2high“ Baftijari. Но за жал comeback-от на нашата екипа беше неуспешен и изгубија со резултат 16-11.

Наредно го имавме нашиот пик на мапа односно Mirage, мапата ја започнавме во сличен стил како и претходната со победа на пиштол рундата по што изгубивме против force buy-от на романската екипа. Во еден период на првото полувреме романската екипа имаа предност од 7-2 но нашата екипа успешно се вратија во мечот и во првиот халф беа во дефицит од 6-9.

На почетокот на второто полувреме романците ги успешно победија првите 4 рунди со што беа во убедливо водство од 13-6, каде што нашата екипа им возврати со многу воздублива низа на рунди односно се до 15-13 за жал не успеаја да го завршат мечот во регуларација. Со што мораше да има продолжетоци односно overtime овде беше препознатливо опаднатиот морал на нашите момци и го загубија мечот со краен резултат од 16-19.

Мечевите од плеј оф-от и резултатите ги имате подолу:

Големото финале и мечот за трето место ќе бидат одржани на 31 октомври и ќе бидат во живо на официјалниот стрим на CEE Champions.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK