ESPORTS.MK

Планот на Cloud9 White за доминација во VALORANT

Планот на Cloud9 White за доминација во VALORANT
март 15
23:25 2021

Запознај ги девојките од Cloud9 White, првиот женски тим на Cloud9 во VALORANT.

Констатација “не играм јас со девојчиња” е античка констатација, која можеме да ја потврдиме со присуството и доминацијата на Cloud9 White, првиот женски тим на Cloud9 во VALORANT.

Едно нешто е јасно како ден – Cloud9 се влезени all-in во светот на VALORANT. Освен тоа што се едни од првите гејмерски организации кои потпишаа топ играчи од светски ранг и почнаа да редат глобални успеси, исто така формираа уште два засебни тимови – Cloud9 Korea кој дефинитивно го прошири пазарот и дополнително го глобализираше ефектот на самата организација. Но, она што денес нас нè интересира е тимот Cloud9 White, првиот женски тим на Cloud9, со база во Америка.

Cloud9 White, или порано познат како MAJKL, беше и сè уште е најдобар тим во Америка, победник и освојувач на FTW Summer Showdown Ignition Series.

Професионалноста и успехот на членовите на MAJKL ги донесе на едно ниво кое е атрактивно и привлечно за големите играчи во овој спорт, па сонот конечно се оствари – MAJKL се трансформираше во Cloud9 White, дел од Cloud9, најголемата професионална организација за играчи на VALORANT.

Скоро па нереално е чувството да си дел од организација како што е Cloud9. Ова е остварување на моите соништа. Напорно работевме да стигнеме до тука, така што бескрајно сум благодарна за шансата и поддршката која ја добиваме од Cloud9.

– Изјавува Alexis ‘alexis‘ Guarrasi.

Искрено, откако победивме на Ignition Series, добивме многу понуди од разно-разни организации и скоро-па-секој ден бевме на состаноци. Но, уште од самиот почеток, Cloud9 беше на врвот од нашата листа на посакувани соработници. Тоа што можеби најмногу нè “купи” кај Cloud9 е што не нè презентираа пред јавноста само како женски тим, туку како вториот тим на Cloud9. Можеби ова е така затоа што бевме контактирани од жена-менаџер која е на висока позиција (госпоѓа Gaylen Malone), така што можеби овој факт беше еден од пресудните фактори за прифаќање на понудата.

– Додава alexis.

Тоа што е интересно за тимот Cloud9 White е дека е составен од екстремно талентирани гејмерки кои долго време играат заедно (многу подолго од некои “големи имиња”), што им дава голема предност во однос на новоформираните тимови.

Нашиот тим не е за потценување! Заедно сме уште од бета фаза и се познаваме една со друга како да сме фамилија. Тие што ги интересира нашиот пристап кон играта, треба да нè погледнат како играме на големите турнири и да ја видат нашата компактност и сплотеност. Навистина имаме сериозен приспат кон оваа работа.

– Изјави Alexis ‘alexis‘ Guarrasi.

Но, сепак не одеше сè така сјајно во Cloud9 White. Неуспехот да се пласираат во големото First Strike финале во Америка, ги направи уште погладни за успех. Па затоа скоро-па-цела 2020 година тренираа и се натпреваруваа со најдобрите VALORANT тимови на глобално ниво.

Победата на Ignition Series дефинитивно е огромен успех за нас, но за мене најголемо достигнување до сега беа победите над тимовите од прв и втор ранг.

Прекрасно е чувството да бидеш почитуван и препознаен на големата светска гејминг сцена, како првиот женски тим. Тоа е заради нашата огромна пасија и мотивација да се натпреваруваме со најдобрите.

Нашата крајна цел е да бидеме најдобриот тим во светот. Не само во категорија на жени, туку на глобално ниво, најдобриот тим што некогаш се појавил на VALORANT гејминг сцената. Патот е долг, тежок и макотрпен до целта, но мотивацијата, пасијата и љубовта кон гејмингот е тоа што еден ден ќе нè донесе до крајната цел.

– Изјави Alexis ‘alexis‘ Guarrasi.

За кратко ќе дојде и тој момент кога Cloud9 White ќе имаат шанса да си ја остварат својата цел, на престојната VALORANT Шампионска Тура. Девојки, сега е моментот!

Ако имаш прашања за настанот, приклучи се на овој Discord канал.

Превземено од: RedBull.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK