ESPORTS.MK

PES21 официјален наслов за 13. Светско Еспорт Првенство во Ејлат, Израел

PES21 официјален наслов за 13. Светско Еспорт Првенство во Ејлат, Израел
март 09
12:23 2021

eFootball PES повторно се враќа на светската сцена со 13. Светско Еспорт Првенство кое што ќе се оддржи оваа година во Ејлат, Израел.

На само 5 дена од пред почетокот на eEuro купот во PES21 на УЕФА каде Македонија ќе земе учество, од ИЕСФ со задоволнство ни пренесуваат дека eFootball PES сериите на Konami ќе се по трет пат дел од официјалните наслови за нивното 13. по ред Светско Еспорт Првенство кое ќе се оддржи подоцна годинава во Ејлат, Израел.

Со нејзината долгогодишна историја како една од најиграните фудбал симулатори, таа е едноставно природен избор за интернационалното еспорт првенство. Играта ќе се игра на PlayStation®4 за време на шампионатот на ИЕСФ. Со ова ИЕСФ продолжува со активната соработка со РЕЅ заедницата што ја прави играта возбудлив дел од ова, но и од сите потенцијални идни еспорт натпреварувања.

eFootball PES игрите беа центарот на вниманието на 11. и 12. Светско Еспорт Првенство. Од ИЕСФ се надеваат дека ќе ги сведочат најдобрите играчи ширум целот свет кои ќе дојдат до Ејлат, Израел за да си го земат својот тешко заслужен медал за оваа година.

ИЕСФ велат дека тоа не е се и дека наскоро ќе има уште наслови кои допрва ќе бидат обелоденети за јавноста.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK