ESPORTS.MK

Падна C9- FlyQuest се избори за пласман на Светското првенство во LoL 2020 година

Падна C9- FlyQuest се избори за пласман на Светското првенство во LoL 2020 година
август 24
19:48 2020

FlyQuest стана другиот тим кој се пласира на Светското првенство на LoL 2020 година кое ќе се одржи во Кина со тоа што ги совладаа Cloud9 во полуфиналиот победнички бараж и обезбедија топ 3 пласман во летната сезона како и билет за својот прв настап на Светското првенство.

Иако тие го зазедоа второто место веднаш зад Cloud9 во пролетниот шампионат, никој не ги сфати FlyQuest премногу сериозно како еден од кандидатите од LCS Лигата за Светскиот шампионат во 2020 година, откако Team Liquid и TSM ја подобрија својата форма во летната сезона.
Она што играше клучен фактор во овој случај беше фактот дека во исто време Cloud9 почна да игра послабо и полошо, а од недопирлив тим кој беше светлосни години пред натпреварувачите во LCS лигата, тие станаа тим што го завршија вториот дел од летниот сплит со негативен резултат.

Речиси совршениот прв дел од сезоната беше доволен за да им обезбеди второ место и директен премин во втората рунда од плеј-офот, но Cloud9 не ја искористи предноста што ја имаше за да вложи повеќе време подготвувајќи се за новите предизвици.

FlyQuest комплетно го надиграа Cloud9, и да не беше кардинална грешка во вториот натпревар најверојатно ќе ги совладаа 3-0. Сите пет играчи на FlyQuest завршија одлична работа. Colin “Solo” Earnest го играше Shen на сите четири натпревари и со својот ultimate spell значително придонесе за тимот на „FlyQuest“ да победи во тимските борби, иако имаше исклучително тешка lane phase против Gangplank (во трите натпревари) и Vladimr.

Lucas “Santorin” Tao Klimer Larsen заврши одлична работа во џунглата, а играта на „FlyQuest“ се заснова на запирањето на играта на противничкиот jungler Robert “Blaber” Huang кој беше можеби главната причина за успехот на Cloud9 во првата половина од сплитот.
Tristan “PowerOfEvil” Schrage беше кратко и јасно подобриот мид лејнер овој меч и потполно заслужува да со својот поранешен соиграч од Misfits Lee “IgNar” Donggeun да се врати на Светското првенство.

Иако Santorin званично ја понесе титулата за MVP играч на мечот, Ignar имаше неколку круцијални потези кои го одлучија исходот на некои борби, па таа награда за малку ќе отидеше во неговите раце, да не беше брилијантната игра на Santorin.
Сепак не треба да се заборави ветеранот во тимот Jason “WildTurtle” Tran кој чекаше да се врати на Светското првенство цели пет години и кој каде и да игра секогаш има голема поддршка од навивачите.

Со оваа победа FlyQuest стави одличен крај ( иако сезоната сеуште не е завршена) на оваа сезона во LCS лигата. Од препознатлив бренд до тим кој всушност постигнува резултати, FlyQuest денес е далеку од тим на кој му недостасуваат идентитет и навивачи. Со напорна работа, тие подготвија одличен натпревар против Cloud9 со добар invade на level 1, до потполна контрола на објективите, првенствено dragons, FlyQuest заслужено победија против фаворитите и сега треба да се одморат, да слават и да подготват ново потенцијално ново изненадување во борбата за титулата.

Поразот за Cloud9 значи дека еден од двата одлични тима во LCS-лигата( TSM и Cloud9 ) нема да бидат на Светското првенство оваа година, бидејќи денес го добиваме другиот патник за Светското првенство од LCS лигата, а тоа ќе биде победникот од мечот Team Liquid – Golden Guardians.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK