ESPORTS.MK

Овие осум тима се квалификуваа за Challengers 1 на NA

Овие осум тима се квалификуваа за Challengers 1 на NA
февруари 01
15:53 2021

Сега веќе се знаат Valorant тимовите кои ќе се натпреваруваат на Valorant Champion Tour NA Stage 1. Меѓу некои попознати имиња, можеме да зебележиме некои свежи таленти кои ќе се борат за нивното место меѓу најдобрите. 

Оссумте квалифкикувани тимови се Immortals, Team Envy, NRG, Sentinels, Gen.G Esports, Luminosity Gaming, XSET и Andbox. Тоа исто така значи дека некои проминентни тимови од регионот не стигнаа да зваземат место на овие квалификации. Некои од најважните се Cloud9 Blue, TSM и Renegades кои беа елиминирани за време на 16. коло. 100 Thieves, кои се сметаат за едни од најјаките тимови на еден ваков отворен квалифаер, исто така беа елиминирани доста рано на натпреварувањата од страна на Carpe Noctem, кои пак беа истиснати од NRG.

Целосен список на пласирани тимови:

  • Immortals
  • Team Envy
  • NRG
  • Sentinels
  • Gen.G
  • Luminosity Gaming
  • XSET
  • Andbox

Тимот кој треба да се гледа дефинитивно е Immortals кои се пласираа први на овој отворен квалифаер со остварени победи врз Team Envy, Sentinels и Andbox. Тие од неодамна ги засилија своите редови со други играчи како Nicholas “NaturE” Garrison и Rhett “Kehmicals” Lynch што сега за сега делува како одлична одлука.

Главниот настан на Stage 1 треба да почне на 04.02 и ќе трае три дена односно до 07.02. Покрај паричната награда, тимовите кои ќе се најдат на најдобрите четири места ќе добијат и квалификации за Challenfers 2, каде пак најдобрите четири тима од оваа фаза ќе се квалификуваат за Stage 1 Masters.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK