ESPORTS.MK

Overwatch ќе има награден фонд од 4.25м долари за сезоната 2021

Overwatch ќе има награден фонд од 4.25м долари за сезоната 2021
февруари 23
14:43 2021

Overwatch League на Activision Blizzard ги објави деталите за својата компетативна структура за 2021 година.

Четвртата сезона на Overwatch лигата се очекува да започна на 16. април и ќе се состои од четири натпреварувачки циклуси во текот на годината, а секој од нив ќе биде финиширан со други четири сезонски турнири: May Melee, June Joust, Summer Showdown и Countdown Cup. 

Наградниот фонд од 4.25 милиони долари ќе биде вкупен за сите овие натпреварувања, но ќе се дели соодветно на турнирите и нивните плејофови.

Оваа година натпреварувачките тимови ќе бидат поделени во две групи базирани на нивната локација за таа сезона – East и West. East дивизијата ќе се состои од осум тима кои ќе се натпреваруваат во Кина и ЈужнаКореја, а тие се Chengdu Hunters, Guangzhou Charge, Hangzhou Spark, Los Angeles Valiant, New York Excelsior, Philadelphia Fusion, Shanghai Dragons и Seoul Dynasty.

West регионот ќе ги вклопи европските и северно американските тимови како што се Atlanta Reign, Boston Uprising, Dallas Fuel, Florida Mayhem, Houston Outlaws, London Spitfire, Los Angeles Gladiators, Paris Eternal, San Francisco Shock, Vancouver Titans, Toronto Defiant и Washington Justice.

Тимовите во двата региона ќе играат четири меча во еден циклус за да се детерминираат квалификациите и сидингот за секој од натпреварите. Најдобрите шест квалификувани тима од западот и најдобрите четири тима од истокот ќе играат рунда на елеминирачки мечеви. Крајниот резултат треба да произведе два тима од секој регион што ќе прогресираат во викендашкиот натпревар, а таму ќе се одлучи кој ќе биде шампионот на турнирот.

Според објавата, тимовите од западот ќе патуваат на турнирот во Хаваи каде што ќе играат против источниот тим преку директна конекција од Хаваи до Азија. Ако глобалната здравствена ситуација нема да дозволи патувања, организаторот на настанот е спремен да ги реконструира натпреварите во регионални онлајн натпреварувања со подвоени шампионати.

Инаку, Overwatch League за 2021 планираат да го променат и мигрираат нивниот систем за бодување во нешто ново каде што натпреварувачите можат да освојат League Points за секоја победа за време на квалификации или регуларно натпреварување. За време на еден натпреварувачки циклус, секоја победа за време на овие три недели од квалификациите ќе се брои према квалификација за сезонското натпреварување. Ако квалификациската победа вреди 1 League Point, тогаш натпреварите од регуларниот турнир се многу повредни, односно ви носат по три League Points како награда за освоено прво место.

Сите поени освоени за време на квалификациите и во текот на сезоната ќе се искористат за да се одреди квалификацијата и распоредот за време на плејофот каде најдобрите три тима од запад и најдобрите два тима од истокот директно се квалификуваат на плејофот.

По откривањето на сите овие тимови, ќе се одигра турнир во секој регион каде што ќе можат да се квалификуваат уште три тима за останатите слободни места за да се формираат double elimination групите од вкупно осум тима за плејофот.

Како што очекувавме, Blizzard мора да ги остави своите планови во две верзии, дома и гости, на страна барем уште некое време бидејќи глобалната здравствена ситуација реално нема сеуште да дозволи ваков тип на натпревари. Секако нивниот онлјан формат на натпреварување што беше искористен минатата година е искористен за 2021, но овој пат многу поефикасно давајќи им солиден и оддржлив гејминг екосистем.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK