ESPORTS.MK

OverActive Media ги објави своите планови за новиот еспорт објект со 7000 седишта

OverActive Media ги објави своите планови за новиот еспорт објект со 7000 седишта
февруари 23
15:15 2021

OverActive Media, мајка фирма на компаниите Toronto Defiant, Toronto Ultra и MAD Lions ги објави своите планови за изградба на еспорт арена со 7000 седишта а се планира да се изгради во Exhibition Place во Торонто, Канада.

Објектот се очекува да биде изграден во 2025 година и треба да вклучи забава во „театарски стил“ како и да има свој хотел комплекс, а меѓудругото ќе стане и новиот „дом“ на лигите на оваа компанија во Call of Duty и Overwatch.

Кога ќе биде готов, за овој проект е планирано да може да оддржи преку 200 настани во текот на една година, каде повеќето од нив ќе се од забавна и музичка природа. Објетот се очекува да „тежи“ 500 милиони долари.

Според нивната објава, преку оваа арена ќе се промовира визијата на OverActive Media за тоа Торонто и воопшто Канада да се дестинациите од избор за глобалниот еспорт и гејминг индустријата.

Денес е уште еден важен чекор во еволуцијата на OverActive Media. Ние градиме светски реномирана компанија за забава и спортска медија, а оваа арена која што е најдобрата од својот вид ќе биде дома на новата генерација на фанови кои ќе размислуваат поинаку за своите избори и искуства во врска со забавата, изјавува Chris Overholt, претседателот и CEO на OverActive Media.

Дизајнот на објектот е од фирмата Populous, а композицијата на градбата треба да придонесе за „иконско архитектонско присуство“ во градот. Populous е надалеку позната во својата бранша и е докажана со дизајнот на стадионот на Tottenham Hotspur, 2012 Олимписките игри во Лондон и стадионот State Farm.

Дизајнот на театарот не беше зачнат како спортска арена ниту пак како оперска куќа, туку како нова топографија која е комбинација од двете. Новата театарска архитектура создава комбинација од старото и новото, додава Jonathan Mallie, главниот директор и водечки дизајнер за Populous.

Од секогаш било наша намера да создадеме ваква арена и стратегија за истата со цел да ни служи како иконски дом за нашите две франшизи, но на крајот да се преточи во нешто што е како ултиматен кластер за главните интернационални еспорт настани. Ние веќе сме во активни дискусии за да привлечеме некои од најголемите еспорт настани од светот. Оваа арена ќе ги редефинира понудите на Торонто за домаќинување на вакви настани во секој поглед, додава Overholt.

OverActive Media се чини дека се обидува да биде сериозен играч со нивните амбициозни проекти. Сепак таа е организација која што ги поседува двата еспорт тима чива база им е во Торонто, па затоа делува сосема природно овој град да биде избран како нивен дом.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK