
Како што беше потврдено од организаторите на страната PUBG Mobile N.Macedonia Official во предходното интервју дека во иднина може да очекуваме повеќе турнири доколку има заинтересираност од страна на играчите.
Затоа во тек се пријавите за вториот онлајн PUBG Mobile турнир вреден 4 Royal Pass (околу 40 евра).
Пријавите треба да изгледаат на следниот начин: пр. Тим : ROTIV / Играчи : Играч1,Играч2,Играч3,Играч4 без резервни играчи, а истите може да ги извршите во приватна порака на страната PUBG Mobile N.Macedonia Official.
Забраните на турнирот се следните, а оние кои нема да ги почитуваат ќе бидат дискфаликувани :
Забрането е да се учествува преку компјутер, забрането да се користат хакерски апликации, забрането промена на тимови ( играчот може да игра само во тимот во кој е пријавен).
На турнирот ќе се играат вкупно 8 мечеви во 2 дена односно 4 мапи во ден со што ќе се дознае победникот на вториот онлајн турнир во PUBG Mobile во државава.
Редоследот на мечевите е следниот, а за точно време на почеток на истите ќе бидите известени на страната PUBG Mobile N.Macedonia Official во текот на наредните денови:
Среда: Erangel, Miramar, Sanhok, Vikendi на 04.03.2020
Четврток: Erangel, Miramar, Sanhok, Vikendi на 05.03.2020
Бодувањето на тимовите ќе биди на следниот начин:
#1 – 20 бодови
#2 – 14 бодови
#3 – 10 бодови
#4 – 8 бодови
#5 – 7 бодови
#6 – 6 бодови
#7 – 5 бодови
#8 – 4 бодови
#9 – 3 бодови
#10 – 2 бодови
#11-16 – 1 бод
За 1 убиство ќе се сметаат по 2 бода (пр. 10 убиства × 2 бода по убиство = 20 бода )
За повеќе информации или пријави околу турнирот може да се обратите на страната на организаторите на овој турнир PUBG Mobile N.Macedonia Official.
Среќно на сите играчи!!!!