ESPORTS.MK

Оргиналните магии на Jinx биле замислени како за ranged Udyr?

Оргиналните магии на Jinx биле замислени како за ranged Udyr?
мај 06
10:28 2021

Главниот дизајнер за шампиони на League of Legends, August Browning, објасни и раскажа за тоа како првата верзија на магиите на Jinx изгледале во нивниот зародиш, а тие дефинитивно имаа „Ranged Udyr“ жичка.

Овој дeвелопер на Riot го откри оргиналниот сет на магии на Jinx преку Твит од неодамна. Тие велат дека се доста слични со менувањето на станците со секоја магија, а ова AD carry требало да менува оружја што нудат различна auto attack механика.

Нејзиното Q беше резервирано за ракети што се доста спори, можат да се блокираат, но прават доста АОЕ damage, слично како нејзиниот Fishbone basic attack. Нејзината W требаше да биде Shock Rifle што ќе ги успорува противниците на секој тред удар, а Е беше резервирано за minigun што ќе подобрува attack speed додека Jinx стои мирна. Што се однесува за нејзиното улти, тоа беше замислено да биде различна магија во зависнот од кое оружје е активно во моментот.

Browning продолжува со објаснувањето дека нејзините ракети и minigun биле евенутално споени во една магија, Q, се со цел девелоперите да и дадат „повеќе забавни магии што ќе може да ги користи“. Shock Rifle се претвори во Zap! и секако моравме да и дадеме гранати што ќе ги фрла со своето Е.

Покрај тоа што дебито на Jinx не беше со овој оргинален сет на магии, друго AD Carry го доби овој сличен сет на магии. Aphelios, кој е дизајниран од Stash „Stashu“ Chelluck и Bradford „CertainlyT“ Wenban, нуди повеќе оружја што носат уникатен гејмплеј и предизвикуваат помали промени на неговото улти во зависност од тоа што оружје користи со главната рака. Додека еднаш тој беше доста пресилен и кошмар за балансирање, Aphelios моментално има мнпогу слаб win rate од 46% во Platinum дивизијата и нагоре, како што е пишано според Chamion.gg.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK