ESPORTS.MK

Omega League овогодишната замена за TI

Omega League овогодишната замена за TI
септември 30
17:30 2020

Omega League ни овозможи возбудливи Дота 2 партии како замена за одложениот TI.

Од 2010 година па навака секој Дота 2 фан го чека месец Август, само поради една причина, The International. Најголемиот турнир во годината каде што најдобрите тимови во светот се борат за “Бесмртнос”. Да го крене The Aegis of the Immortal и да го запише своето име во историјата, е сон на секој професионален Дота 2 играч, но оваа година поради случувањата со корона вирусот, како и многу други турнир, беше одложен и TI.

Покрај откажувањето на TI и на многу турнири, одредени организации и тимови продолжија да бараат начини да им дадат на навивачите тоа што го сакаат, возбудливи натпреварувања во Дота 2. За среќа, две европски организации одлучија да се здружат и да излезат со посебен настан. Ова го означи лансирањето на Omega League, овозможено од Epic Esports Events и WePlay! Esports, што беше некој вид на замена за TI. Omega Leage се играше во периодот од 14ти Август до 06ти Септември во EU/CIS, America и Asia.
Највозбудливо беше во EU/CIS регионот, каде што играа тимови како Nigma, Virtus Pro, Team Secret, EG, OG, Liguid, Alliance и многу други. Team Secret беше победник на овој турнир со 3-0 над OG, и освоија 200.000 долари. Покрај тоа што наградниот фонд на Omega League не е на висината на TI, натпреварувањето во целост беше многу возбудливо и со одлична организација. Од видеото подоле можеме да се присетиме на најдобрите моменти од Omega League.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK