ESPORTS.MK

Olofmeister го напушти FaZe Clan

Olofmeister го напушти FaZe Clan
февруари 15
14:49 2021

CS:GO легендата Olof “olofmeister” Kajbjer Gustafsson го напушти FaZe Clan после скоро четири години активно играње, но не потврди дали ќе се пензионира.

Легендата потврди дека BLAST Premier Spring Groups беше последниот негов турнир со FaZe Clan и дека ќе размисли и ќе ги разгледа опциите за неговата иднина како професионален играч.

olofmeister беше дел од FaZe од август 2017 година, помагајќи му на тимот да заврши како второ пласиран на ELEAGUE Boston Major. Тимот, исто така, обезбеди три трофеи во 2017 година на ESL One New York, ELEAGUE Premier и ECS Season 4 Finals. Следната година FaZe Clan го освои EPICENTER против Na’Vi и неколку други турнири вклучувајќи и различни BLAST Pro Series во 2019 година.

Во продолжение можете да ги прочитате објавите на Твитер од olofmeister и FaZe Clan.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK