ESPORTS.MK

Океанија добива нова официјална LoL лига

Океанија добива нова официјална LoL лига
февруари 08
11:59 2021

Еспорт организаторот и продукциска компанија ESL како и инвестициската фирма Guinevere Capital го обелоденија League of Legends Circuit Oceania (LCO), новата лига на League of Legends за осум тима за серверите од Океанија.

Новиот турнир станува премиер League of Legends еспорт настант за регионот на Океанија, како замена за Oceanic Pro League која беше згасната од Riot Games минатата година.

Со почеток од 23 февруари, новата лига во овој регион ќе се оддржи во нов формат. За време од осум недели и 19 лигашки денови, осум тима ќе имаат шанса да се натпреваруваат во double round robin формат.

На крајот од регуларната сезона, трите последни тимови ќе бидат елиминирани, а останатите пет ќе продолжат во наредната фаза што е double playoff elimination систем, каде ќе се борат за титулата на први шампиони на LCO и за слот на Mid-Season Invitational (MSI).

Peter Du, LCO League Manager и Senior Project Manager во ESL Australia рече:

Наздравете дечки, бидејќи компетативноста на Океанија регионот конечно е назад. Многу сме возбудени за почетокот на LCO и сакаме да ја направиме најсилната и најинтересната лига во регионот што воопшто некој ја видел.

Ова е одлична нова шанса за сите таленти од Океанија да дојдат и да го почнат својот пат до светската сцена, на начин што ќе играат компетативно како што секој еден LoL фан сака да гледа.

Сите мечеви на LCO ќе се емитуваат во живо на повеќе стриминг платформи, вклучувајќи го и официјалниот Twitch канал, директно од новото еспорт студио во Сиднеј што е направено за оваа намена. Според објавата, фановите треба да очекуваат мешавина од познати лица, но и дебитанти кои ќе се зад аналитичките бироа и пред камерите.

Dave Harris, Managing Director на Guinevere Capital додаде:

Одзема многу време и енергија само за да се стигне до оваа сцена, а ние навистина сакаме да се заблагодариме до сите играчи, тимови, брендови и фанови кои се погрижија 2021 година да биде најголемата и најважната за овој LoL регион.

Фантастично е да се види враќањето на пермиер League of Legends лига во Океанија, што дотолку потврдува дека овој дел од светот не може да биде стишан во полето на есрпортот. Едвај чекаме да видиме колку далеку Океанија ќе може да ја однесе оваа компетативна сцена.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK