ESPORTS.MK

Огромен успех: SHAIM SE SuppUp е во четвртфиналето на EU Masters

Огромен успех: SHAIM SE SuppUp е во четвртфиналето на EU Masters
април 25
20:51 2021

Шампионот на Балканската еспорт лига, SHAIM SE SuppUp, успеа да направи голема сензација и да ја заземе втората позиција во групата Б, со што обезбеди нивно минување во плејофот и пласман меѓу осумте најдобри екипи на EU Masters.

Иако, според предвидувањата, претставникот на Балканот имаше малку шанси да напредува во оваа исклучително тешка група во која сите преостанати тима се академии на LEC тимови, SuppUp успеа да го постигне успехот на кој сите се надевавме.

Тие ја завршија првата половина од групната фаза со две победи и еден пораз, но во понатамошниот расплет во групата Б примија два тешки удари од G2 Arctic и Misfits Premier. Особено тежок беше поразот од Misfits Premier, кој ги демолираше со 14-1 за само 17 минути  во можеби најбрзата игра досега на турнирот.

Немаше можност за пауза, SuppUp веднаш после тоа го одигра следниот, во исто време решавачки натпревар за нивниот пласман понатаму, против актуелниот шампион на EU Masters, AGO ROGUE. Во оваа борба тие демонстрираа исклучителна силна како и добра психолошка стабилност со тоа што успеаја да ги остават грешките од претходните натпревари и не дозволија да бидат под нивно влијание, што е навистина импресивно, и со одлична игра од страна на целиот тим стигнаа до третата победа на турнирот за половина час игра.

На крајот, последниот натпревар на денот го одлучи исходот од групата Б. AGO ROGUE мораше да ги победи G2 Arctic за се избори за тај-брејк гејм против SuppUp, додека G2 играше за чест и слава затоа што останаа без теоретска шанса да одат напред.

Тоа не ги спречи да дадат се од себе на мечот што следеше. Агресивниот тим составен од Irelia на топ, Renekton на мид лејн и Nidalee во џунглата се исплатеше. Тие успеаја многу брзо да воспостават контрола и за 26 минути дојдоа до 17-5 што резултираше со нивната втора победа на турнирот и го испратија SHAIM SE SuppUp во четвртфиналето.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK