ESPORTS.MK

OG влегува во VALORANT сцената

OG влегува во VALORANT сцената
февруари 15
21:51 2021

Една од најголемите организации во Dota 2 и CS:GO го потпиша поранешниот Overwatch тим, Monkey Business и официјално го претстави како нивни нов VALORANT тим.

Овој состав се пласира на 5-8 место на Red Bull Home Ground каде што имаа навистина сериозна конкуренција како Team Liquid, Ninjas in Pyjamas, Fnatic (тогашен SUMN FC), Guild Esports и шампионите G2 Esports.

Слушнавме многу за играта и не заведе идејата што стои зад неа, како и сериозноста на екосистемот. Кога постои можност да се вклучите со состав што на вас ви се допаѓа и верувате, едноставно не можете да одолеете. Иста беше ситуацијата и со CS:GO тимот. Понекогаш звездите се усогласуваат и имате можност да направите нешто навистина интересно.

– Изјавија Sébastien “Ceb” Debs и Johan “N0tail” Sundstein основачите на OG Esports.

Составот на OG Esports VALORANT тимот е следниот:

  • Dylan “aKm” Bignet
  • Benjamin “uNKOE” Chevasson
  • Kevin “TviQ” Lindström
  • Dragan “elllement” Milanović
  • Théo “OniBy” Tarlier
  • Julien “daemoN” Ducros – Тренер

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK