ESPORTS.MK

OG се раздели со MidOne

OG се раздели со MidOne
март 23
16:01 2021

Втората DPC сезона OG ќе ја играат со нов играч на првата позиција.

MidOne им се придружи на OG на почетокот на 2020 година, одкако беше најавено дека два од главните играчи на тимот, Anathan “Ana” Pham и Jesse “Jerax” Vainikka ја напуштија Дота сцената, додека пак Sébastien “Ceb” Debs остана активен во тимот, но во менаџерски капацитет.

Во минатото MidOne играше за Team Secret, и имаше големи успеси со овој тим како мид играч. Но, во OG, MidOne влезе на позиција на офлеј играч како замена за Ceb, а Sumail “SumaiL” Hassan, беше ангажиран како кери играч. По краток период, OG се радели со Sumail поради проблеми со пинг и патување, настанати од корона кризата, па кери позицијата ја превзема MidOne, a Ceb се врати како играч на офлејн позицијата.

По одиграните турнири до сега, тимот на OG не успеа да освои ниту еден трофеј, па дури и не успеаа да се квалификуваат за Singapore Major. Тимот очигледно не е задоволен од нивните постигнати резултати и затоа почна да прави промени.

Не може да се каже дека MidOne како играч е слабата алка во тимот, но едноставно од OG сметаат дека некаква промена мора да се направи за да се вратат на победничките патеки.

Notal и Ceb како сопственици за тимот дадоа изјави за разделбата со MidOne.

I want to thank Yeik for his hard work, and for the sacrifices he has made for OG and for the Team. He is an extraordinary player, and is unfortunate we couldn’t get better results together. Thank you Yeik, and best of luck!

Johan “N0tail” Sundstein

Competitive synergy is something very unique and complex. Yeik is one of the best players we have played with, and we worked very hard for months and made a lot of improvements… but unfortunately it never “clicked”. It happens sometimes. We want to wish him the best of luck moving forward and hope he finds a great team where he can shine.

Sébastien “Ceb” Debs

Во моментот сеуште нема најава за кој играч ќе биде замена за MidOne, но секако дека има шпекулации за повраток на Ana, со оглед на тоа што две години по ред Ana се враќа за да освои The Internacional, а потоа ја завршува кариерата.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK