ESPORTS.MK

OG ќе ја брани својата титула на The International 10

OG ќе ја брани својата титула на The International 10
јули 11
09:00 2021

После пет тензични меча во финалето на квалификациите, OG успеа да ги победи Tundra Esports и да го земе последното слободно место на The International 10.

Tundra Esports играше одлично во текот на овие квалификации, стигнаа до финалето без пораз, а на патот до финалето и ги имаа поразено OG со 2-0.  Со овој пораз OG се најдоа во долниот бараж од квалификациите, но успеаа да ги победат Team Nigma во финалето од долниот бараж, и со тоа стигнаа до финалето од квалификациите.

Сите пет меча беа многу возбудливи, со неочекувани пикови и различни стратегии , никој не можеше да претпостави како ќе завршат мечевите. Кога драфтот изгледаше во полза на еден тим, другиот тим доминираше.

Tundra Esport во текот на сите пет меча ги имаа посакуваните херои, и добро се покажаа на истите, но искуството на OG е преголемо, и со тоа успеаа да ги победат Tundra Esports и да се најдат во The International 10.

The International 10 ќе биде различен од другите до сега, не само поради моменталните случувања, туку и поради фактот што нема да ги гледаме Team Liquid и Team Nigma на ова натпреварување, два тима кои што се сметатни за едни од најдобрите во моменто и кој што традициолано играат на TI. Kuro “KuroKy” Salehi Takhasomi е еден од двајцата играчи кои што моментално се активни и што играле на сите The International до сега, но бидејќи Team Nigma нема да учестува на TI 10, Clement “Puppey” Ivanov од Team Secret ќе биде единствениот играч што ќе има играно на сите The International до сега.

Исто така возбудливо за нас е фактот што ќе го видиме Saksa на The International после 5 години, и со тимот кој што ќе ја брани својата титула оваа година. Saksa во 2016год се најде во финалето на The International 6 со Digital Chaos, но беа поразени Wings Gaming со 3-1.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK