
Изминатиот викенд беше во фокус почетокот на ПМЕЛ 2022 во CS:GО каде што најдобрите македонски тимови ја започнаа мисијата наречена “БАЛИ” односно кој ќе биде македонскиот претставник на претстојното Европско и Светско првенство.
Во првото коло ги имавме Infusion eSport против ENTiTY, BLADE Esports против eSports ENTiTY, Trazed Gaming против BLUEJAYS и LEVEL Esports против CRYSIS Esports.
Колото го отворија младите надежи од Кочани, Infusion eSport и легендарниот охридски клуб, ENTiTY. Мечот иако тесен, замина во корист на ENTiTY и заврши со вкупен резултат од 16:12. Втор меч беше мечот помеѓу BLADE Esports и вториот претставник од Охрид, eSports ENTiTY кој заврши во корист на BLADE Esports, со вкупен резултат од 16:14. Третиот меч беше мечот помеѓу тетовскиот тим, Trazed Gaming и BLUEJAYS а нашиот моментално најдобар тим ја оправда фаворитската позиција и мечот отиде во корист на BLUEJAYS со вкупен резултат од 16:4. За крај на првото коло го имавме мечот помеѓу LEVEL Esports и CRYSIS Esports. CRYSIS Esports го контролираше мечот од самиот почеток па се до крајот а вкупниот резултат беше 16:7 во корист на CRYSIS Esports.
Во второто коло се судрија CRYSIS Esports против Trazed Gaming, ENTiTY против LEVEL Esports, eSports ENTiTY против Infusion eSport и BLADE Esports против BLUEJAYS.
Второто коло започна со мечот помеѓу CRYSIS Esports и Trazed Gaming. Иако според ело-то на FACEIT двете екипи имаат слични бројќи, тимот од Тетово се покажа како подобар и успеа да го добие овој меч со резултат 16:13. Вториот меч беше мечот помеѓу ENTiTY и LEVEL Esports каде што ENTiTY сериозно пристапи и го затвори мечот со вкупен резултат од 16:9. Третиот меч беше можеби и најитересниот меч до сега во лигата каде што eSports ENTiTY и Infusion eSport заминаа на overtime. Иако Infusion eSport покажаа дека се навистина тим кој не се откажува, eSports ENTiTY успеа да ги надигра и да го затвори мечот со резултат 19:16. Во четвртиот и последниот меч од второто коло, BLUEJAYS се соочи со тим кој не се предава а тоа е тимот BLADE Esports. За жал BLADE Esports не можеа да го издржат притисокот и резултатот отиде во корист на BLUEJAYS, 16:9.
Табелата после две изиграни кола:
Ништо не е завршено, ни преостануваат уште пет возбудливи кола до крајот на регуларниот дел од ПМЕЛ 2022 во CS:GO. Пренос од сите натпревари ги имате на Твич каналот на Македонската еспорт федерација.