ESPORTS.MK

Од EBL до LEC, Twohoyrz дебитира за SK Gaming

Од EBL до LEC, Twohoyrz дебитира за SK Gaming
јуни 08
13:57 2021

Поранешниот мид лејнер на шампионот на EBL, ŠAIM SE SuppUp, Mihail “twohoyrz” Petkov, ќе игра за SK Gaming на почетокот на летната сезона од LEC-лигата, што започнува во петок.

Бугарскиот мид лејнер, кого минатата сезона имавме можност да го гледаме како настапува во EBL, потпиша за SK academy, каде веќе одлично се покажа во првата недела од натпреварувањето, постигнувајќи pentakill во првото коло од германската лига.

Тогаш, кога сите помислија дека не може да биде подобро од тоа, од SK Gaming дојде веста дека twohoyrz ќе игра во почетната постава на првиот тим наместо Ersin “Blue” Gören, кој ќе мора за жал да паузира една недела поради здравствени проблеми. Имено, Blue се пожали на болки во градите, поради што отиде на лекар, кој препорача тој да паузира од натпреварување во првата недела од LEC-лигата.

Веднаш по известувањето, twohoyrz започна со тренинзи со првиот тим и ќе дебитира во LEC-лигата во петок на 11 јуни, во 19 часот, кога ќе се сретнат SK Gaming и Astralis. Во следните две кола од првата недела на натпреварувањето во сабота и недела, SK ќе се сретне со екипите на Misfits и G2 Esports.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK