ESPORTS.MK

Објавен датумот за The International 10

Објавен датумот за The International 10
мај 12
17:12 2021

Valve официјално го објави датумот на The International 10.

The International 10 требаше да се одржи минатата година во Август, но беше одложен на неодредено време поради случувањата со Ковид – 19. Но, конечно, најголемиот е-спорт турнир во светот доби датум и локација на одржување.

The International 10 ќе се одржи во Стокхолм, Шведска и ќе трае од 5ти до 15ти Август, а наградниот фонд на овој турнир ќе изнесува неверојатни 40,018,195$. Групната фаза на турнирот ќе се одржува од 5ти до 8ми Август, додека пак плејоф фазата ќе се одржува од 10ти до 15ти Август.

Покрај тоа што добивме датум за TI 10, поради ситуацијата со пандемијата, сеуште не се знае дали на турнирот ќе има публика во живо, а има голема можност ова да биде првиот TI без публика.

Од Valve го изјавија следното:

Сеуште чекаме на дополнителни информации за можноста за публика во живо. Вршиме мониторинг на моменталните случувања и ќе имаме собрано повеќе информации на почетокот на летото.

Оваа година од страна на Valve беше одлучено да не биде пуштен нов Battle Pass, пред почетокот на TI 10, и со тоа наградниот фонд ќе остане истиот што беше собран минатата година, но Дота 2 фановите ќе добијат два нови in-game евенти пред самиот турнир, што исто така нема да влијаат врз наградниот фонд на TI 10.

Сеуште не е објавено колку тимови ќе можат да се квалификуваат на TI 10 преку собраните поени од DPC сезоните, а исто така сеуште не е објавено кога ќе започнат затворените квалификации.

Повеќе информации би добиле во блиска иднина.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK