ESPORTS.MK

Новости околу ESL Pro League Season 12

Новости околу ESL Pro League Season 12
август 21
11:48 2020

Пандемијата на коронавирусот продолжува да предизвикува хаос на евентите организирани од страна на ESL па по првичната најава за ESL Pro League Season 12 да биде одржана на LAN, нема да биде возможно.

ESL во четвртокот откри повеќе детали околу ESL Pro League Season 12. Евентот ќе биде поделен на регионални турнири, поради тековната пандемија на коронавирус.

12-тата сезона од ESL Pro League ќе има турнири во сите главни региони односно – Европа, Северна Америка, Азија, Океанија и Јужна Америка. А истиот ќе се игра помеѓу 1 септември и 6 октомври. Турнирот во Европа ќе го има поголемиот дел од наградниот фонд односно околу 450.000$ од сезонскиот севкупен награден фонд 750.000$, а потоа следува Северна Америка со 225.000$. Останатите три региони ќе имаат по 25.000$ американски долари.

ESL Pro League Season 12 ќе започне официјално онлајн на 1ви септември.

ESL во јуни објави дека ќе биде домаќин на ESL Pro League Season 12 да се одржи на LAN со 24-те екипи доколку нивните играчите би можеле „безбедно да патуваат без поголеми ограничувања“. Фановите се надеваа соодветно, но нивниот оптимизам се намали кога се откри дека овојгодишниот настан во ESL One Cologne – кој првично требаше да започне помалку од две недели пред ESL Pro League Season 12 ќе треба да се одржи онлајн заради глобалната здравствена криза.

Малта беше избрана за земја домаќин за сезоната ESL Pro League Season 11, пред турнирот да биде преместен онлајн, а исто така ќе се продолжи и за 12-тата сезона ни најавува HLTV.

„Договорот со GamingMalta ни овозможува да понудиме неверојатни искуства на еспорт заедницата низ целиот свет“

“Малта е прогресивна земја која има цел да го развива еспортот а сето тоа да биде во комбинација со прекрасниот медитерански амбиент. Не можевме да бидеме возбудени за ова партнерство да го зближиме растот на естроите и убавината “.

изјавува извршниот директор на ESL – Ralf Reichert 

Во 2021 година, и двете сезони на ESL Pro League ќе го имаат веќе објавено форматот на играње со 24те екипи. А таму спаѓаат и 13-те партнери односно екипи кои го потпишаа она што го нарекоа „Договорот од Лувр“ по состанокот во Париз. Според информации од ESL, навивачите од целиот свет ќе имаат пристап до специјални пакети за патувања и билети за да можат да ја искусат акцијата во живо од Малта.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK