ESPORTS.MK

Новите играчи на друг начин ќе се запознаат со Дота 2, нов херој најавен по завршувањето на Singapore Major

Новите играчи на друг начин ќе се запознаат со Дота 2, нов херој најавен по завршувањето на Singapore Major
март 25
19:33 2021

Очекувајќи бран на нови играчи по лансирањето на аниме серијата Dota:Dragon’s Blood, Валве имплементираше нов начин на запознавање на играта за новите играчи.

Дота 2 е игра каде што треба да се има напредни механички способности, има голем број на херои со голем број на магии. Поради тоа се разликува од другите игри, но истото ја прави и многу тешка за да се учи.

Во новиот пач, кој што беше имплементиран денеска, новите играчи ќе можат да ги искористат новите функции во New Player Mode. Во овој почетен дел од играта има почетни интрукции, AI ботови против кои што ќе може да играат, и 32 нови туторијали каде што ќе имаа инструкции од движење на мапа и контрола на камерата, па се до напредни механички движења и концепти на играта.

Одкако ќе се направат првите чекори во New Player Mode, самата игра ќе ги детектира новите играчи и ќе им помага во нивните први мечеви со така наречените Wizard Tips. Wizard Tips ќе се појават на екранот секогаш кога играта ќе процени дека нов играч не внимава на нешто или прави нешто што не е безбедно за него и неговиот херој.

Во New Player Mode има и фунција каде што нови играчи можат да побараат помош од поискусни играчи во играта. Оваа опција се појавува кога новите играчи ќе ги завршат првите чекори во New Player Mode.

Валве исто така очекува новата анимирана серија да ги врати искрите и кај постари играчи кои што ја немаат играно Дота 2 со месеци, па и со години. Овие играчи ќе бидат ставени во посебна категорија за калибрација која што зема во предвид колку време не биле активни, и со тоа ќе бидат сместени во правилниот ранк.

Најважниот дел од новиот пач, од кој што многу од сегашните играчи се задоволни, е тоа што конечно смурфери и купувачи на акаунти ќе бидат банирани, бидејќи ваквите играчи дирекно влијаат врз искуството и уживањето на новите играчи, како и на сегашните играчи

Исто така, најавено е дека по завршувањето на Singapore Major не очекува уште еден пач, кој што ќе биде фокусиран на баласирање, како и презентирање на нов херој.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK