ESPORTS.MK

Нови трансфери по завршувањето на Singapore Major, kpii и MidOne во SMG, RAMZES666 во Na’Vi, W33 неактивен играч

Нови трансфери по завршувањето на Singapore Major, kpii и MidOne во SMG, RAMZES666 во Na’Vi, W33 неактивен играч
април 07
13:56 2021

Тимовите се спремаат за втората DPC сезона која што започнува на 12 април.

Набрзо одкако MidOne се раздели со OG, најде нов тим кој што ќе го ангажира. Team SMG е тим кој што долго време е во е-спорот, но во Дота 2 влезе на почетокот на 2021 година. Не успеаа да ги поминат квалификациите за да можат да играат во групната фаза нa првата DPC сеозна, но сега со нов состав се надеваат на подобри резултати.

Со MidOne во овој тим доаѓа и Damien “kpii” Chock, кој се раздели со TNC Predator пред еден месец, одкако тимот не успеа да се квалификува на Singapore Major. Team SMG сега има сериозни играчи со кои може да редат успеси. Со Yee fung “Mushi” Chai кој е ветеран во Дота 2, покрај kpii и MidOne, ќе игра и Tue “ah fu” Soon Chuan, кој исто така е познат играч во Дота 2, особено по неговиот Earth Spirit од The Internacional 7.

Na’Vi најави дека се радели со GeneRaL. Ова беше е изненадување за сите, со оглед на тоа што тимот играше одлично во првата DPC сезона. На негово место доаѓа RAMZES666, кој што има играно на офлејн позицијата во EG, но тоа не е неговата природна позиција, и многумина мислат дека баш поради тоа не се снајде во EG.

Во текот на вчерашниот ден Team Nigma објави дека W33, нивниот мид играч, го префрлаат во статус неактивен. Тимот објави дека му е потребна промена, со оглед на тоа што W33 е со нив две години, и до сега со него ги немаат достигнато посакуваните резултати. Сеуште немаат најавено кој ќе биде новиот мид играч за овој тим.

AS Monaco Gambit најавија дека Vladimir “No[o]ne” Minenko е офијално дел од тимот. No[o]ne влезе во тимот како замена за Rostislav “fn” Lozovoi во последните два меча од првата DPC сезона, а исто така отпатува со тимот во Сингапур. Овој играч е одличен додаток за овој тим.

Viking.gg и официјално објавија дека Maurice “KheZu” Gutmann е дел од нивниот тим. Ова беше очекувано со оглед на тоа што KheZu го замени Tobi во последните мечеви во првата DPC сезона.

Tundra Esports објавија дека нивниот сапорт играч Malthe “Biver” Winther нема повеќе да се натпреварува професионално, и со тоа го доведоа Jingjun “Sneyking” Wu во тимот, како замена за Biver.

OG сеуште немаат објавено кој ќе биде нивниот нов кери играч. Сите се во исчекување за оваа објава, и тоа дали Ana ќе се врати во тимот. Со оглед на тоа што моментално OG се на bootcamp, а Ana е виден во пуб игрите на Европа серверите, големи се шансите за повторно да го видиме овој играч во OG.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK