ESPORTS.MK

Новата Dota Pro Circuit сезона започнува на 18ти Јануари

Новата Dota Pro Circuit сезона започнува на 18ти Јануари
јануари 10
00:08 2021

Со новата година дојде и новата DPC сезона во Дота 2. Секој регион ќе има тимови кои што ќе ги претставуваат во турнирите кои што следат, како и во TI 10.

Секако не се сите со дирекна покана,  некои тимови ќе играат во горната дивизија, а некои во долната дивизија од турнирите, некои ќе играат квалификации, а некои ќе бидат и директно повикани, без квалификации.

Во регионот на Америка, тимовите кои што беа дирекно повикани во горната дивизија на турнири се: Evil Geniuses, Quincy Crew, Sadboys, 4 Zoomers. Останатите четири тимови во горната дивизија, како и осумте тимови од долната дивизија ќе се знаат по играње на отворените и затворените квалификации за овој регион.

Во регионот на Кина порано ги започна квалификациите за долната дивизија и со тоа тимовите CDEC Gaming и новиот тим, Fishing, се првите тимови што ќе играат во долната дивизија.

Во горната дивизија тимовите кои што се дирекно поканети се: Elephant, PSG.LGD, Vici Gaming и EHOME. Сите четири тима се звучни имиња на Дота сцената, како и Elephant кои што се релативно нов тим, но со познати имиња во него и се тим што ја завршија 2020 на врвот на Дота сцената во Кина.

Во регионот на Европа нема никакви изненадувања во поглед на тимовите кои што се повикани во горната дивизија. Team Secret, OG, Nigma и Team Liquid се четирите тима кои што се дирекно повикани да играат во горната дивизија. Овие четири тима нема да играат никакви квалификации и сигурно би биле дирекно повикани во првиот Major што би се играл во 2021.

Но кој од овие тимови ќе излезат на врвот? Team Secret кои што беа доминантни во поголемиот дел од 2020, имаа значителен пад во формата кон крајот на годината, отпаѓаа од турнири прерано и губеа игри што никој не очекување да ги изгубат. Но големи се шансите ова да е резултат од долгата сезона на online лиги и patch кои што многу долго немаше промени.

Остантите тимови беа причилно константни во текот на минатата година, но ќе видиме како ќе продолжат во новата DPC сезона.

Во квалификациите на Европа четири тима сеуште имаат шанса за горната дивизија. Се очекува Alliance и Viking.gg да освојат две места во горната дивизија преку квалификациите, бидејќи станува збор за силни и искусни тимови. За останатите две места би се бореле Mudgolems, Hellbear Smashers (еx- 5men), Chicken Fighters (ex-NIP), Spider Pigz, Brame и Hippomaniacs.

Тимовите во долната дивизија на Европа ќе се знаат по одигрувањето на отворените и затворените квалификации.

Не очекува интересна година во Дота 2.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK