ESPORTS.MK

Нов трофеј за Team Secret

Нов трофеј за Team Secret
февруари 24
22:40 2021

Team Secret со осовено прво место во Dream League Season 14,  до нов трофеј во Дота 2.

Со сигурност можеме да кажеме дека Team Secret се најдобриот тим во светот во моментот во Дота 2. Денес беше последниот ден од DPC сезоната за регионот на Европа, а денот заврши со натпреварот помеѓу Team Secret и OG.

Secret во овој натпревар влезе без пораз во вкупни мечеви, а само со два порази од вкупно изиграни четиринаесет партии во Dream League. Secret со 2-1 ги победи OG во последниот натпревар од лигата и со тоа со 7 – 0 во вкупно изиграни меча го освои првото место, и наградата од 30.000 долари.

Во првиот меч, Secret беа доминантни уште од самиот старт. Клучен играч во овој меч беше Nisha на неговиот Invoker, кој го завши мечот со 8/0/10 – K/D/A.

Вториот меч го доби OG. Riki беше одбран за Topson мид, кој што за сите други тимови не е мид лејнер, но не и за OG. Topson доби Aghanim scepter од Alchemist на Ceb и заедно со Gyrocopter на MidOne не им оставија простор на Secret за фарм. Topson го заврши овој меч со скор од 14/1/6 – K/D/A.

Третиот меч беше највозбудлив. Од самиот почеток Secret ја имаа предноста. Ursa на Matumbaman ја доминираше мапата и не им дозволи на играчите на OG да се движат. Во еден момент Team Secret имаа 27.000 голд предност над OG, но OG е тим кој што никој не може да го отпише. Успеаа да добијат неколку клучни битки и со тоа ги срушија бараките на две страни на Team Secret. Предноста од 27.000 голд  се намали на 15.000 за само неколку минути. Но клучен играч во тој момент беше Zai, со неговата Enigma неколку пати ги фати Topson и MidОne во црна дупка и го доби натпреварот за својот тим.

Со овој триумф не може никој да ја оспори моќта на Team Secret.

Од Dream League останува да се играат само решавачките мечеви за да се утврди кој ќе го освои четвртото место. Во решавачки мечеви ќе играат OG, Team Liquid и Tundra Esports на 28ми Февруари.

Со ова завршува и првата DPC сезона во Европа, а исто така оваа недела завршува и DPC сезоната во останатите региони низ светот.

Следен турнир што ќе го гледаме ќе биде EPIC League кој што започнува на 2ри Март, а да не заборавиме и дека на 24ти Март започнува и Singapore Major, првиот LAN турнир оваа година.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK