ESPORTS.MK

Нови Gaming викенди на А1 Адрија Лигата

Нови Gaming викенди на А1 Адрија Лигата
март 01
21:18 2021

По враќањето од кратката хибернација, време е да се загреат маусите и тастатурите со претстојните две сезони на Лигата преку оддржување на два A1 Gaming Weekend турнир.

A1 Gaming Weekend куповите беа незаборавен дел од минатата година. Пред, за време на и по сезоните, A1 Gaming викендите беа тука за играчите што ги немаа своите омилени игри вклучени во Лигата, но и за оние кои со нетрпение чекаа да погледаат некоја добра акција кога немаше редовни мечеви на Лигата.

Овој пат, „залакот“ се зголемува и ќе бидат организирани два викенд настани. Првиот од нив ќе биде за играта PES 2021, додека другиот ќе виде посветен на TEKKEN 7.

PES 21

Ние до сега имавме PES 20 турнир како дел од минатите А1 Gaming викенди на неколку наврати и тие секогаш беа успешни. Сите овие настани се оправдани бидејќи има солиден фидбек од играчите на оваа игра. Како што ни кажува еден од основачите PESExpert заедницата: „PES заедницата во нашиот регион е навистина голема.“ Всушност не само тој, туку речиси сите луѓе кои се дел од оваа заедница го потврдија кажаното бидејќи имавме преку Х играчи во секое време.

PES21 ќе биде во формат на единечна елиминација, со BO1 мечеви за време на првите две рунди, додека остатокот од купот ќе бе се игра BO2 со правилото на гол во гости (away goal rule). Бидете дел од првиот А1 Gaming викенд за оваа година и кликнете го линкот подолу:

06.03.2021 – A1 Gaming Weekend – PES21 – Пријава

Играчите ќе поделат 350 евра на следниот начин:

1. €200
2. €100
3. €50

TEKKEN 7

Додека PES20 е добро позната игра за Gaming викендите, нашиот втор наслов TEKKEN 7 ќе дебитира за прв пат на 13. март. Оваа игра со боречки вештини е темелот на лојалната и компетативна FGC заедница. Како што можевме да сведочиме на неколку пати, разноликоста на борачите на TEKKEN 7, високиот лимит на вештини и талентираната регионална база на играчи ја прават оваа игра идеален пик за наш втор A1 Gaming викенд настан.

The A1 Gaming Weekend – TEKKEN 7 од Zagreb Tekken Showdown ќе се игра користеќи ја Smash.gg платформата, како една од најпознатите платформи за игра за овој наслов. Борачите ќе се сретнат еден со друг во формат на двојна елиминација во BO3 брекети. Можете да се пријавите за турнирот преку следниот линк подолу:

13.03.2021 – A1 Gaming Weekend – TEKKEN 7 – Zagreb Tekken Showdown – Пријава

Наградниот фонд ќе се подели на следниот начин:

1. €200
2. €100
3. €50

Извор: a1adrialeague.com

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK