ESPORTS.MK

North ги совладаа CR4ZY во финалето на DreamHack Sevilla Open

North ги совладаа CR4ZY во финалето на DreamHack Sevilla Open
декември 15
23:05 2019

Данскиот тим успеа да стигне до титула во Севиља откако успешно го совладаа тимот на CR4ZY со резултат од 2-1 (16-4 Mirage, 13-16 Verigo, 16-8 Dust2).

Иако CR4ZY ги победи North во борбата за првото место во групата А предходно во турнирот, овој пат кога најмногу им беше потребно не беа успешни во намерата. Тие до финалето стигнаа со победа против GODSENT, додека North во другото полу финале триумфираше против тимот на MAD Lions.

Финалето започна со дуелот на Mirage. Мапа која двете екипи ја играат совршено. Овој пат тимот на North демонстрираше перфектна одбрана и дозволи само една рунда да припадне на CR4ZY во првото полувреме.

Меѓутоа CR4ZY успеа да се врати во натпреварот со победа на Vertigo за на крај да се одлучува на третата и последната мапа, Dust2.

Уште еднаш одбраната на North беше на највисоко ниво и данците поведоа со 10-5 на полувремето за во остатокот од мечот без многу напори да дојдат до посакуваната победа.

Иако секој пораз во финале е тежок, треба да се напомене дека тимот на CR4ZY продолжува со одлични резултати на турнирите на DreamHack Open, ова е нивниот четврти последователен Open каде што играа во плеј-офот, заработувајќи 20,000 долари за второто освоено место.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK