ESPORTS.MK

nitr0 го напушта Team Liquid, Grim е новата замена

nitr0 го напушта Team Liquid, Grim е новата замена
јули 29
12:55 2020

Team Liquid својата нова мета ја ставија на досега успешниот играч од Triumph односно Grim.

Сите овие информации ги добиваме од добар извор односно DBLTAP а секако измените во тимот беа и потврдени со твитовите на самиот nitr0 и од извршниот директор на Team Liquid односно Steve Arhancet.

Слободно можеме да кажеме и дека постапката е и донекаде оправдана бидејќи низ претходниот период nitr0 имаше под просечен рејтинг и тогаш Team Liquid доживеаа пад во ранкинзите, а нивната мета односно Grim во последново тро месечие тој имаше неверојатен рејтинг од 1,34.

nitr0 беше најдолго играч на Liquid, бидејќи беше дел од тимот од далечната 2015 година. Тој го водеше тимот до победа во втората сезона на Intel Grand Slam, обезбедувајќи ја наградата од 1.000.000 американски долари за рекордни 63 дена со победи на IEM Sydney, DreamHack Masters Dallas, ESL Pro League Season 9 Finals, и ESL One Cologne во 2019 година.

Твитот на nitr0 ни потврди дека тој е играчот што го напушта ростерот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ