ESPORTS.MK

Niko официјално во G2 Esports

Niko официјално во G2 Esports
октомври 29
00:09 2020

Трансферот за кои сите зборуваа и сите го очекуваа конечно се реализира. G2 Esports е новиот дом на Nikola “Niko” Kovac.

На почетокот од 2017 година, еден од најголемите трансфери во CS:GO беше токму од Niko кога од mousesports се префрли во FaZe Clan за сума од половина милион долари.

Додека Niko ја разиваше својата богата кариера, неговиот братучед, Nemanja “huNter” Kovac стрпливо ја градеше својата кариера преку iNation, Binary Dragons/Valiance и CR4ZY, за на крај и на него да му се насмевне среќата и да потпише за G2 Esports.

Конечно желбата на двајцата братучеди се исполни да заиграат во ист тим. На 2-ри Ноември со почеток од 19:30 часот тие ќе го имаат и нивниот официјален прв настап против тимот на FURIA на BLAST Premier Fall турнирот.

Моментално G2 Esports има шест играчи и никој не е во план да го напушти моменталниот состав.

Во продолжение погледнете ја објавата на Твитер од FaZe Clan и G2 Esports за овој историски трансфер.

FaZe Clan

G2 Esports

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK