ESPORTS.MK

Ни останува уште еден ден игра, Македонија има шанси за понатамошен пласман

Ни останува уште еден ден игра, Македонија има шанси за понатамошен пласман
декември 12
20:16 2019

Првиот ден од Светското Еспорт Првенство во организација на Интернационалната Еспорт Федерација заврши. Одиграни се многу мечеви во три различни дисциплини односно Dota2, Tekken7 и PES2020. Македонија беше дел само од PES2020 натпреварувањата и може да се каже дека имавме солиден ден.

Првиот меч за нас беше против репрезентацијата на Тунис каде бевме поразени само само еден гол разлика или 4:3 за противникот, недобивајќи поени за овој меч. Вториот меч за нас беше за нијанса подобар односно наш втор противник ни беше Тајланд каде имавме изедначен резултат од 4:4. Заклучно со вториот одигран меч, Македонија има добиено еден поен на ова СЕП до сега. Најдобра во нашата група е репрезентацијата на Полска со девет освоени поени или три победи, веднаш за неа е Тајланд со четири поени или еден добиен и еден нерешен меч. Третото место го има Тунис со само една победа и три освоени поени, а веднаш зад нив е Македонија со еден освоен поен од нерешениот меч со Тајланд. На последно место се наоѓа репрезентацијата на Филипини со нула поени и ниту една победа или нерешен меч.


Слично како и денешниот ден Иван ќе игра во 6:30 минути наутро по македонско време против Тајланд, за веднаш потоа од 7 часот игра со првиот во оваа група или Полска. Веднаш по мечот со Полска следува неговиот трет настап за тој ден или мечот со Филипини со почеток од 7:30 часот, а со тоа завршува групната фаза од PES2020 натпреварувањата.

Статистиката вели дека се одиграни 52% од вкупните мечеви предвидени во PES2020 што значи дека има уште простор подобрување, но се помалку за грешки. Останува да видиме како нашиот репрезентативец Иван Иванов утре ќе одигра против Полска, Филипини и повторно Тајланд, а сите заинтересирани можат да го следат текот на СЕП на еден од нивните канали за стримање на платформите Twitch и Youtube.

Twitch: http://twitch.tv/iesf_tv
Youtube: https://www.youtube.com/c/IeSFInternationaleSportsFederation

Му посакуваме многу среќа во утрешниот ден.

Извор: mesf.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ