ESPORTS.MK

Нетфликс ја објави втората епизода за историјата на хероите на DOTA:Dragon’s Blood

Нетфликс ја објави втората епизода за историјата на хероите на DOTA:Dragon’s Blood
март 16
18:19 2021

Во исчекување на почетокот на серијата за Дота 2, Нетфликс ги ангажираше неколку од најдобрите коментатори во Дота 2, за да ја објаснат нејзината историја, во серијалот Meet the Heroes.

Jake “SirActionSlacks” Kanner, Owen “OD Pixel” Davies и Jorien “Sheever” van der Heijden објаснуваат како настанал универзумот на Дота 2 во неколку видеа.

Првото видео беше објавено на 12ти Март и ги запозна гледачите, во кратки црти, со историјата на Дота 2, а второто видео е фокусирано на некои од главните ликови во анимираната серија.

Почнувајќи од Davion, The Dragon Knight, SirActionSlaks го објаснува како протагонист, но исто така ги истакнува главните атрибути на другите херои кои се борат покрај него, како и главните приказни што ги мотивираат нив и нивните непријатели во серијата.

Selemene, Luna, Invoker, некогашната принцеза Mirana, која била принудена да побегне и да живее во светата шума на Selemene, Nightsilver Woods.

Претставена како „паметен, лојален и вешт стрелец“, Mirana стана заштитно лице на редот на темната месечина, која е група следбеници на Selemene, божицата на месечината.

Додека Mirana е лицето на темната месечина, Luna, SirActionSlacks ја претставува како мечот на редот и мирот, посветена на заштитата на божицата и нејзините артефакти.

“Meet the Heroes” исто така го претставува и Invoker, за кого дознаваме дека има неспоредлива меморија, што го прави најинтелигентниот смртник, и единствениот во универзумот што ги знае сите магии што постојат. Неговите мотиви во серијата сеуште се непознати.

SirActionSlaks, исто така, дава кратки воведи за Eldwurms, античките и едни од најмоќните змејови во универзумот. Дознаваме повеќе за нив и за Kaden, единствениот Dragon Knight што некогаш преживеал борба со антички змеј.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK