ESPORTS.MK

Na’Vi се победници на DreamHack Masters Spring 2021

Na’Vi се победници на DreamHack Masters Spring 2021
мај 10
11:12 2021

Natus Vincere се одмазди за изгубата во финалето од Групата А, победувајќи го Gambit Esports 3-0 во големото финале на DreamHack Masters Spring 2021 во неделата.

Na’Vi ја однесе дома својата втора титула оваа сезона победувајќи го Gambit со 16:7 на Overpass, 16:12 на Dust2 и 16:12 на Train.

S1mple и компанија доминираа на првите две мапи од серијата, а на третата успеаја да го свратат резултатот во нивна полза затварајќи го вкупниот резултат од 3-0 во best-of-five серијата од големото финале.

Na’Vi ги елеминира mousesports, Virtus.pro, FURIA и Heroic пред да стигнат до финалето. Но, тие изгубија од Gambit во одлучувачкиот меч од групата А.

DreamHack Masters Spring 2021 награди:

ПозицијаТимНаградаPro Tour поени
1Natus Vincere$100,0001,000
2Gambit Esports$42,000750
3G2 Esports$20,000525
4Heroic$20,000525
5Astralis$10,000350
6FURIA Esports$10,000350
7Virtus.pro$6,000200
8Team Vitality$6,000200
9Team Spirit$5,000100
10mousesports$5,000100
11BIG$5,000100
12Complexity Gaming$5,000100
13Team Fiend$4,0000
14FaZe Clan$4,0000
15Extra Salt$4,0000
16paiN Gaming$4,0000

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ