ESPORTS.MK

Na’Vi и Beastcoast нема да учествуваат на ONE Esports Singapore Major, Quincy Crew со логистички проблеми

Na’Vi и Beastcoast нема да учествуваат на ONE Esports Singapore Major, Quincy Crew со логистички проблеми
март 26
17:42 2021

На само 48 часа пред почетокот на турнирот, два тима најавија дека нема да учествуваат на првиот LAN турнир за 2021 година.

Beastcoast, тимот кој го освои првото место во првата DPC сезона во регионот на Јужна Америка, најави дека нема да учествува на Singapore Major, бидејќи целиот тим бил во контакт со Ковид – 19.

Оваа одлука е донесена од страна на тимот, земајќи ја во предвид првично безбедноста на нивните играчи, а исто така и на останатите учесници на турнирот. Според изјавите, капитенот на тимот Steven “StingeR” Vargas, бил во контакт со вирусот минатата недела, и големи се шансите да ги има заразено останатите членови од тимот.

Stinger моментално е во самоизолација, а сите пет играчи имаат направено ПЦР тестови кои што се негативни. Но поради периодот на инкубација, менаџментот на тимот одлучи да не превземат непотребни ризици и да не патуваат во Сингапур. Како дополнителна мерка Beastcoast им наложи самоизолација и на останатите членови на тимот.

Beastcoast го обезбедија местото на Singapore Major релативно лесно, и сите имаа големи очекувања од овој тим на овој турнир.

Beastcoast е првиот тим кој што најави дека нема да учествува во турнирот, додека пак други пет тима досега, имаат најавено дека ќе играат со замени поради Ковид-19, па дури и еден од најдобрите коментатори во моментот Ioannis “Fogged” Loucas, нема да патува во Сингапур бидејќи бил изложен на корона вирусот.

За кратко време одкако Beastcoast објави дека нема да учествува на Singapore Major, истото го објави и Na’Vi.

Овој тим беа први што правеа промени во ростерот поради проблеми со Ковид-19, барајќи замени за Andrii “ALWAYSWANNAFLY” Bondarenko и Bogdan “Iceberg” Vasilenko. Само пет дена одкако беше објавено дека ќе играта со замени, организацијата изјави дека тренерот на тимот, Andrey “Mag” Chipenko, кој што требаше да биде замена за ALWAYSWANNAFLY, е позитивен за Ковид-19.

И покрај ова, Na’Vi најде замена за Mag. Спрскиот играч Никола “LeBronDoTa” Попович, требал да игра на негово место, но настанало проблем во авионот каде што бил LeBronDota, па летот бил одложен, и не успеал да стигне за вториот лет за Сингапур. Додека се ова се случувало, Roman “RAMZES666” Kushnare, втората замена за тимот, отпатувал за Сингапур незнаејќи за моменталните случувања, и дека тимот нема да учествува на турнирот. Но ако Валве дозволи, RAMZES666 би можел да игра како замена за друг тим, ако имаа потреба.

Quincy Crew пак наиде на логистички проблеми. Пред неколку дена тимот најави дека Milan “MiLAN” Kozomara ќе игра како замена за Arif “MSS” Anwar, но MILAN бил на истиот лет како и LeBronDota, и не успеал да стигне до Сингпур. Можеби ќе го видиме RAMZES666 во овој тим како замена за MILAN, но ќе треба да се направат промени во позициите со оглед на тоа што RAMZES666 не игра на позиција сапорт.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK