ESPORTS.MK

Na’Vi го стави на пауза својот Dota 2 тим

Na’Vi го стави на пауза својот Dota 2 тим
јули 26
11:50 2021

Na’Vi го премести својот Dota 2 тим од активен во неактивен тим после „незадоволителната изведба“ на квалификациите за The International.

Една недела откако Akbar “SoNNeikO” Butaev објави дека не е повеќе дел од Na’Vi, организацијата излезе со официјално соопштение дека има одлука да се стави на пауза целиот состав.

Украинската организација направи целосно видео во врска со нивната одлука, кое се заснова на „незадоволителен учинок“ на квалификациите за TI10. Потребно беше разгледување на одлуките и грешките што доведоа до дебакл на квалификациите.

Na’Vi беше распореден во квалификациите за Источна Европа и успеа да стигне до полуфиналето со победата над EXTREMUM. Сепак, ја загуббија серијата против HellRaisers и беа приморани да играат во изгубничкиот брекет кој заврши брзо. Team Empire успеа да ги надмудри и да им го руши TI10 сонот.

Бидејќи TI10 нема да се одржи до октомври 2021 година, ќе има неколку месеци за Na’Vi да подготви нов состав за претстојната сезона, DPC 2021-2022.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ