ESPORTS.MK

Na’Vi го освоија Intel Extreme Master Cologne 2021

Na’Vi го освоија Intel Extreme Master Cologne 2021
јули 21
16:42 2021

Natus Vincere ги победија G2 Esports 3-0 во големото финале и се освојувачи на Intel Extreme Master Cologne 2021.

Финалето беше одиграно во сигурно пократко време од тоа што се очекуваше, Na’Vi не остави никакви шанси за враќање на G2 во серијата. Во првиот меч на Dust 2 Na’Vi превзема се под контрола и створи рано водство на T-side. G2 играше добро но само за да бидат блиску до својот противник. После промената на страните, G2 не успеа да го спроведе својот план и ја загубија мапата со 11-16.

Втората мапа на Mirage беше далеку понеизвесна, каде Na’Vi повторно го имаште водството во воведните неколку рунди. G2 полека го наоѓаа својот ритам за да се вратат во натпреварот. Во вториот дел од натпреварот по промената на страните дојде до неизвесен натпревар како што и беше очекувано со рунда за рунда и на двете страни, но Na’Vi беа повторно поуспешни со 14-16 во нивна полза.

Третиот меч на Nuke двата тима се бореа подеднакво, со водство на CT-side за екипата на G2. Како и да е Na’Vi ја превзема повторно контролата на натпреварот после прометана на страните и G2 загуби со 13-16.

Oleksandr “s1mple” Kostyliev беше прогласен за MVP на турнирот со просечен рејтинг од 1.51 и 0.96 убивства по рунда.

Ѕвездите на CIS освоија $400,000, 1800 Pro Tour и 3200 BLAST Premier поени со нивната победа. Ова беше втора титула на Na’Vi во 2021 година и трета сметајќи го 2020 IEM Katowice. После овој турнир тимот на Na’Vi се проби до првото место на Intel Grand Slam (IGS) Season 3 табелата, давајки си шанса за освојување на IGS Season 3.

Во прилог најинтересните моменти од победата на Na’Vi:

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK