ESPORTS.MK

NA’VI го обезбедија нивното место на BLAST Premier Global Finals

NA’VI го обезбедија нивното место на BLAST Premier Global Finals
ноември 26
17:37 2020

Natus Vincere успешно ги заврши квалификациите со што завршија на првото место на табелата според добиени поени.

Na’Vi се квалификуваше за BLAST Premier Global Finals преку системот за рангирање на организаторот, потврдува HLTV. Второпласираните на IEM Beijing-Haidian ќе се придружат на Complexity, Vitality и Evil Geniuses како веќе пласирани учесници за турнирот што ќе се одржи во јануари 2021 година.

NA’VI станаа првиот тим што се квалификуваа преку табелата односно ранкинг системот.

Три од преостанатите четири места за BLAST Premier Global Finals ќе бидат одредени според табелата односно добиените поени, која во моментов е предводена од G2 кои имаат предност од околу 700 поени пред данскиот супертим Astralis. Последното место ќе го добие победникот на BLAST Premier Fall Finals, кое ќе се одржи на 8-13 декември.

Подолу можете да видите како изгледа табелата на BLAST во моментов:

1. Europe G2 – 5688 поени

2. Denmark Astralis – 4996 поени

3-4. United States Liquid – 4013 поени

3-4. Brazil FURIA – 4013 поени

5. Brazil MIBR – 3738 поени

6. Europe FaZe – 3338 поени

7. Sweden fnatic – 3238 поени

8. Europe OG – 3007 поени

9. Denmark Heroic – 2825 поени

10. Sweden NiP – 2588 поени

 

Кои се вашите мислења, кои екипи ќе успејат да ги добијат последните места?

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK