ESPORTS.MK

Nasus одбран во LCK за прв пат по 980 дена?!

Nasus одбран во LCK за прв пат по 980 дена?!
март 08
19:10 2021

Доста малку веројатно дека ќе гледаме уште пикови на Nasus во компетативната игра после овој меч.

Мечот меѓу Afreeca Freecs и DWG KIA имаше дефинитивно невообичаен пик.

AFS го одбраа Nasus, кој не беше одбран во регионот корејската League of Legends цели 980 дена, а тоа за Kiin на топ лејнот беше само обид да се стави крај на актуелните светски шампиони.

Додека идејата беше одлична во теорија кога Kiin го одбра Nasus место Sion, но егзекуцијата со сигурност можеме да кажеме дека потфрли. DK набрзина одговори со промена на лејнот за да го „изгасат“, популарното куче на League of Legends. Од кога беше дојста кајтан и кампиран насекаде во тимските борби, Kiin и AFS не успеаја да издвојат победа против DK.

Последната игра на Nasus се до сега беше битка меѓу SKT и bbq Olivers за време на 2018 LCK Summer Split. Тогаш, шампионот беше одбран од топ лејнерот Thal, кој доста успешно го искористи овој херој за да обезбеди победа за својот тим.

Додека Kiin можеше да дојде до победа со овој пик против било кој неподготвен тим, тоа не можеше да го стори против DK. Тие доста брзо одговорија праќајќи го својот Lucian на топ лејнот за да го примора Kiin да купува дефанзивни ајтеми за да остане релевантен во играта.

Тој успеа да исфарма 500 стака и да произведе огромна штета со своето Q, но константно беше кајтан подалеку од тимските битки, а дури и неговиот тенкарски билд не беше доволен да го спасат од повеќекратната смрт. Nasus важеше за еден од најдобро искачувачките топ лејнери во минатото, но се стави во позиција на голем хендикеп со новите модификации на последните шампиони и новитетите и промените во продавницата за ајтеми.

Тој моментално бележи 50.38% win rate, а има 2.76% шанса да биде избран во останатите региони како EUW, според податоците на op.gg. Додека овој шампион може да биде доста успешен против одредени melee ориентирани композиции, тешко е да се егезекутира против невообичаено балансирани компизиции поради нивната мобилност во играта.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK