ESPORTS.MK

Нашиот најдобар тим потпиша со BLUEJAYS организацијата

Нашиот најдобар тим потпиша со BLUEJAYS организацијата
септември 09
15:31 2021

Нашиот најдобар CS:GO тим кој воедно е и нашата официјална репрезентација за претстојното Светско првенство, после неколку месеци го најде својот дом и потпиша со Данската организација, BLUEJAYS.

Оваа петорка беше актуелна изминатиот период по успехот кој го постигнаа на Европскиот Куп на Нации каде што го освоија првото место.

Го прашавме Јане “aidKiT” Апостолоски како дојде до договор баш со BLUEJAYS и тој изјави:

Извесно време игравме без организација и успеавме да постигнеме некои впечатливи резултати како освојување на King Of Adria, Nations Cup и успеавме да го победиме турскиот супер тим – Eternal Fire. Овие резултати ги доведоа BLUEJAYS како организација да стапат во контакт со нас. Се надеваме на долготрајна соработка и уште поголеми резултати. #WeAreFamily

Моменталниот состав на BLUEJAYS е:

Јане “aidKiT” Апостолоски
Дамјан “kyxsan” Стоилковски
Даниел “dan1” Глигоров
Павле “stYleEeZ” Стојановски
Кристиан “Cryveng” Трпкоски

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK