ESPORTS.MK

Највлијателните игри за првиот квартал за 2021 година

Највлијателните игри за првиот квартал за 2021 година
мај 06
12:46 2021

Највлијателните PC игри за првиот четврт за 2021 година се: League of Legends, Counter Strike: Global Offensive и Fortnite додека ковид-19 полисите продолжуваат да ги вознемируваат рангирањата.

Уште еднаш, League of Legends на Riot Games е највлијателната игра за PC. Со тоа што стана брендот за сите MOBA игри, LoL се придружи во рангот на CSGO на Valve и Fortnite на Epic Games, според TEO PC Games Impact индексот и е во нивната прва категорија.

Ефектите на ковид-19 полисите во еспорт натпреварувањата се пренесоа од 2020 година што резултираше со неколку игри како што е Rainbow Six Siege и Rocket League да потфрлат во својот перформанс. Дополнително, првиот квартал е генерално период каде најмалку се организираат еспорт настани од поголем тип. Оваа кампања на еспорт натпреварувања е рефлектирана во PC Games Impact индксирањето на The Esport Observer за последната четвртина за 2021 година. За повеќе детали на клучните индикатори на перформанс за пресметување на индексот на игрите, кликнете на следниов линк.

League of Legends останува како најдобар еспорт наслов

Огромен дел од доминацијата на оваа игра во Impact индексот доаѓа од големата база на играчи што таа ја има. Дополнително, играта повторно е најгледаниот наслов на stream платформите како што е Twitch за првиот квартал од годината.

Повеќето професионални LoL регионални лиги стартуваат во средината на јануари и генерираат стабилна гледаност за време на овој период. Riot Games објавија гледаност по часови за нивната LCS базирана во Лос Анџелес, а таа бележи пораст од 30% во споредба со ланскиот full split season, додека гледањата по час за нивниот LEK базиран во Берлин се зголемени за 40%.

Силен старт за годината

Ран старт за компетитивната сезона за CSGO помогна доста за да се завземе второто место на оваа имакт листа, исто како и лани. За време на кварталот, повеќе од 80 CSGO турнири се оддржани, а се доделија награди вредни 3.6 милиони долари. Тие својата сезона ја отпочнаа со BLAST PREMIER: Global Finals во јануари со награден фонд од долари кои беа освоени од Natus Vincere и Intel Extreme Masters XV светското првенство што се случи во февруари кое имаше награден фонд од долари кои беа освоени од Gambit.

Кралски пречек

За разлика од останатите игри, компетативната сезаона за Fortnite заостанува малку во текот на една година, односно регионализираниот FortniteChampionSeries: Chapter 2 Season 5 – Grand Finals, што се организирани од Epic Games, а тежат некои долари во награден фонд. Додека ковид-19 предизвика општ пад на еспорт натпреварите, Fortnite го обезбеди третиот по големина награден фонд за почетокот на 2021 година, а тоа овозможи на насловот да го добие третото место на оваа ранг листа.

Во подем

Додека спајкна како игра од најдобар калибар за време на финалињата на инаугуралната COD League (CDL), Call of Duty: Modern Warfare ја оддржа силната Twitch гледаност и трета по големина база на играчи, веднаш зад LoL и CSGO. По крајот на нивната лига во 2021, каде COD: BOCW беше дел, наградниот фонд за ова натпреварување не надмина долари.

Гoлемата гледаност на Twitch и награден фонд од 7.1 милиони долари на PUBG Global Invitational 2021 помогна на оваа игра да го има петтото место во ова рангирање. Турнирот беше еден од првите FPS настани во живо за 2021 година што се случи во Инчеон, Кореа. Учесниците од Кина, Јапонија, Тајван, Хонг Конг и Макаo се натпреваруваа во лан настани во своите земји додека останатите тимови мораа да седат во двонеделен карантин пред да можат да бидат дел од оваа шест неделна лига.

ФПС-от на Riot Games, Valorant прибележа благ пад на гледаност и на активни играчи од кога играта за прв пат беше активна за светото од летото 2020 година. Нејзината гледаност за првиот четврт за годината е сличен како оној на CSGO додека базата на играчи падна под онаа на CSGO, CODMW и Fortnite.

Парализирани од пандемијата

Гледаноста и наградниот фонд кои ги имаше регионализираниот Rocket League Championship Series Season X помогна на Rocket League да го подобри своето рангирање на седмото место. Неколку регионални настани се дел од оваа напреваруње, а вкупно се испалтени 100.000 долари како награден фонд.

Dota2 на Valve е еден од насловите кои значително беа погодени од ковид-19 пандемијата. Водени од регионализираната Dota Pro Circuit Season 1 2021, Dota 2 успеа да задржи некоја релевантност и да се пласира на осмото место од индекс листата.

Apex Legends на EA беше шестата по ред најгледана игра од ова рангирање на Twitch, а седма најиграна игра за првиот квартал за 2021 година. Покрај тоа што и недостасуваат големи еспорт натпреварувања таа компензираше со регионализираниот Apex Legends Global Series Winter Circuit што е компаративно мала еспорт сцена, а тоа ја рангира на деветтото место.

Средината на World of Warcraft, Rainbow Six Siege, Overwatch и FIFA 21

Добро познатата WoW е една од неколкуте еспорт наслови што цвета под моменталните околности. Успехот на оваа игра е предводен од гледаноста на Twitch и Arena World Championship што стартуваше во месец март.

Најверoјатно најголем губитник од пандемијата е Rainbow Six Siege што вртоглаво падна игра од првата категорија во првиот четврт за 2020 година дури на 13. место во третиот квартал на 2020 година и останува да биде надвор од топ 10. Главниот виновник за падот на играта е недостатокот на поголеми натпреварувања.

Overwatch лигата беше на пауза за време на првиот дел од годината, па затоа и нејзината гледаност драстинчно се намали. Бидејќи ова важеше за целиот екосистем на еспорт натпреварувањата на Overwatch, со само помали турнири оддржани, играта падна назад во третата категорија, исто како за време на овој период, минатата година.

FIFA 21 го завзема 13. место на импакт листата. Нејзиното влијание на еспорт екосистемот беше потенциран од нејзината гледаност и успех во нејзините еспорт иницјативи, вклучувајќи FIFA 21 Global Series, што почна на почетокот на оваа година.

Етаблирање

Hearthstone, што е една од екосистемите на игрите што традиционално имаат мала компетативност на почетокот од било која година, го задржа своето место во топ 15 поради активната база на играчи како и солидните бројки на гледаност на Twitch.

Последното место во третиот квартал за 2020 година беше обзбедено од MOBAта во трето лице Smite што направи своевиден камбек во топ 15 на ова рангирање благодарејќи на солидната гледаност како и добрите рангирања на еспорт турнирите во време кога еспорт сцените на другите игри се релативно пасивни.

 

Извор: esportsobserver.com

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK