ESPORTS.MK

Најголемиот турнир во Централна и Источна Европа во најава

Најголемиот турнир во Централна и Источна Европа во најава
септември 03
00:15 2020

Македонската Еспорт Федерација во соработка со ESPORTSMK со гордост ви најавува квалификации за еден од најголемите турнири за Централна и Источна Европа во Counter-Strike: Global Offensive поддржан од Intel.

Почнувајќи од 18.09.2020 (Петок) па се до 20.09.2020 (Недела), ќе се одвиваат квалификациите за кои два тимови ќе ја претставуваат нашата држава на главниот турнир кој поради моменталната ситуација со Covid-19 ќе биде оддржан онлајн.

Овој турнир цели да ги донесе најдобрите тимови од Централна и Источна Европа каде ќе се натпреваруваат за титулата на CEE Champions.

За да се квалификувате за овој настан, секој тим треба да се пријави на соодветниот национален квалификациски турнир. (Линковите ќе ги најдете подолу во објавата)

Квалификациите ќе се одвиваат преку FACEIT платформата распоредени во две рунди. Секој полу-финалист од двете рунди или денови оди во плеј-оф фаза каде осум тимови ќе се борат и ќе имаат шанса да ја претставуваат нашата држава. Двете екипи кои ќе стасаат до финалето на плеј-офот ќе ја претставуваат нашата држава на главниот турнир.

Прва рунда:

https://www.faceit.com/en/championship/7bf54e98-4159-48a9-9513-434359b29e08/CEE%20Champions%20Qualifications%20Round%201

Втора рунда:

https://www.faceit.com/en/championship/2c39bef4-9d56-47c8-a74b-d14e779f22f0/CEE%20Champions%20Qualifications%20Round%202

CEE Champions и генералниот партнер, Intel се надеваат дека ќе го популаризираат еспортот во Источна и Централна Европа со тоа што ќе им овозможи на локалните тимови од овие простори да заиграат интернационални турнири со прилично добар награден фонд. Наградниот фонд за овој турнир изнесува 15,000 долари.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK