ESPORTS.MK

Најгледани настани за 2019 година

Најгледани настани за 2019 година
јануари 14
14:30 2020

Секогаш е-спорт настаните се споредуваат со Super Bowl, но не е прецизна и праведна споредбата. Тешко е да се знае точната гледаност без предходна добра анализа и разбирање на коцептот на е-спорт настаните и Super Bowl-от.

Esports Charts се потруди да направи анализа на сите настани од месец во месец за 2019 година. Во продолжение ви ги претставуваме најгледаните настани за 2019 година.

Најмногу саати изгледани:

Врз основа на изгледаните саати од сите гледачи, League of Legends World Championship доминираше во 2019 година. Едно нешто што вреди да се напомене е само колку траеше натпреварувањето. За време на својата скоро месец дена долга кампања, натпреварувањето беше одржано во повеќе градови и тоа: Берлин, Германија, Мадрид, Шпанија и Париз, Франција. Должината на настанот – со тоа што најдобрите екипи од секој регион се натпреваруваа меѓу себе, го направија овој спектакт да собере повеќе од 137 милиони часови.

Далеку позади League of Legends World Championship се наоѓа и The International 2019 во Dota 2 со 88 милиони часови изгледани, што цврсто застанува на втората позиција за 2019 година. Настаните што следуваат оставија импресивна статистика исто така. IEM Katowice Major 53 милиони, StarLadder Major Berlin 45 милиони и Mid-Season Invitational со 43 милиони часови изгледани.

Просечна гледаност:

Преминувајќи на најгледаните настани во однос на просечната гледаност, настаните драматично се менуваат. League of Legends World Championship и The International 2019 заедно двата настани имаа просек од околу 1 милион и 726 илјади гледачи, со што им оставија простор на другите настани да добијат признание за најгледани настани според просечната гледаност.

Финалето на Fortnite World Cup го победи League of Legends World Championship, одржувајќи просечна гледаност од 1,1 милиони иако самиот настан траеше многу пократко. Најпопуларниот настан за 2019 година според просечната гледаност дефинитивно беше Free Free World Series Rio со 1,2 милиони просечни гледачи.

Најмногу гледачи во исто време:

Во споредба со предходните категории, оваа категорија се разликува, иако League of Legends World Championship е апсолутен победник со 3,9 милиони гледачи во исто време. Неверојатна бројка која ниту еден настан до сега не бил ни блиску до таа бројка според најмногу гледачи во исто време.

Fortnite World Cup Finals стигна до 2,3 милиони гледачи, а Free Fire World Series Rio 2 милиони гледачи. Заокружувајќи ги првите пет настани, исто така се најдоа и The International 2019 и Mid-Season Invitational, со 1,9 милиони и 1,7 милиони гледачи.

Дефинитивно League of Legends Worlds Championship беше најгледаниот настан за 2019 година, со што се надеваме дека во 2020 и некои други настани од други игри ќе добијат добри резултати на крајот од годината.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK