ESPORTS.MK

Најдобрите партнерства во е-спортот за Јануари 2020 година

Најдобрите партнерства во е-спортот за Јануари 2020 година
февруари 04
10:30 2020

Секој месец, многу партнерства се објавуваат во е-спортот. Тешко е да се следат сите но ќе се потрудиме да ви ги пренесеме најголемите и најдобрите.

Vindex воспостави партнерство со IMAX

Инвестициската е-спорт компанија Vindex воспостави партнерство со канадската кино-компанија IMAX.

Основана од ко-основачите на MLG Mike Sepso и Sundance DiGiovanni, Vindex ќе организира е-спорт настани кои ќе бидат прикажани во кината IMAX во целиот свет.

Excel Esports го назначи BT како главен партнер

Британската организација Excel Esports, постигна договор со мулти-националната телекомуникациска компанија BT за ексклузивно партнерство.

Како дел од повеќегодишниот договор за спонзорство, BT ќе биде и нивниот главен спонзор на нивните дресови во LEC и UKLC во League of Legends.

T1 во ексклузивно партнерство за облека со Nike

Корејската организација T1 го најави спортскиот гигант за облека и обувки Nike како нивни ексклузивен партнер за облека.

Во договорот се наведува дека сите униформи и облека која тимовите на T1 ќе ја носат ќе бидат дизајнирани од Nike. Исто така Nike ќе обезбеди и тренинг простории во седиштето на T1 во Сеул.

Vodafone Giants склопи партнерство со Nike

Шпанската организација Vodafone Giants беа првата европска е-спорт органзација која стана глобален партнер на гигантот на спортска облека Nike.

За да го започне партнерството, Nike објави ко-брендирана колекција на облека со шпанската организација на 20 Јануари.

SK Gaming во партнерство со Nike и 11teamsport

Германската организација SK Gaming исто така влезе во партнерство со спортскиот гигант Nike и онлајн продавницата за малопродажба 11teamsports.

Организацијата ги откри колекциите за претстојната сезона.

Dignitas и Verizon договорија 5Г фокусирано партнерство

Северноамериканската организација Dignitas договори статешко партнерство со телекомуникациската комапнија Verizon.

Како резултат на тоа, 5,500 квадратни метри Verizon 5G Gaming Center во Лос Анџелес ќе служи како седиште за организацијата и тренинг објект за тимот во LCS.

Activision Blizzard влегува во повеќегодишен договор со Google

Activision Blizzard ќе ги емитува Call of Duty League, Overwatch League и Hearthstone ексклузивно на YouTube.

Ова е дел од повеќегодишната зделка помеѓу Activision Blizzard и Google, која исто така гледа Google Cloud да стане препорачаниот снабдувач на инфраструктурата за хостирање сервери за горе наведените игри.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK