ESPORTS.MK

Најдобриот Bruen MK9 loadout во Call of Duty: Warzon сезона 3

Најдобриот Bruen MK9 loadout во Call of Duty: Warzon сезона 3
мај 06
11:34 2021

Пред Black Ops Cold War да биде додадена во Warzone, Bruen MK9 беше несопирлива сила што ја воведе Modern Warfare метата.

По секоја BOCW сезона, Bruen MK9 губеше се повеќе од својата сила. Сега, ова оружје е доста повеќе балансирано во текот на третата сезона на Warzone, но не е толку добро за да се користи секогаш и во секоја ситуација.

Во минатото, оваа пушка беше бирана за неверојатниот damage што може да го понуди, пристојната стабилност (како за light machine gun) и брзиот reload во споредба со капацитетот на оружјето што го имаше.

Нешто од ова е задржано, но треба да ги има вистинските приврзоци со цел да може да се види во неговото вистинско светло во Warzone. Со неколку промени, ова оружје може да се рамни со неговата претходна верзија.

Перфектниот Bruen MK9 loadout за COD: Warzonе сезона 3

За било кој loadout во Warzone сезона 3 што го креирате, целта е да се подобрат предностите на даденото оружје и да се компензира за некоја слабост што тоа потенцијално би го имало. За Bruen MK9 тоа значи капитализирање на неговиот дострел и сила додека се компензира за намалената подврижност што е својствена за light machine guns.

Најдобрите додатоци за Bruen MK9 во Warzone сезона 3

  • Muzzle: Monolithic Suppressor
  • Barrel: XRK Summit 26.8″
  • Ammunition: 60 Round Mags
  • Optic: Subjective
  • Laser: Tac Laser

Monolithic Suppressor

Овој додаток е речиси секогаш биран за сите оружја во Warzone. Тој нуди пригушување на звукот и секако, многу потребниот буст на дострелот на ова оружје. Тие не се толку силни како нивината Black Ops верзија, но сепак се доста важни.

XRK Summit 26.8″

Уште еден додаток што го подобрува дострелот на ова оружје, ова буре додава два главни статови. Еден од нив е ефективноста на дострелот, а другиот е брзина на куршумите, што го прави доста поефективен на речиси секоја далечина.

60 Round Mags

Овие шаржери се целосен game-changer што го прави Bruen MK9 повеќе како assault rifle во Warzone во споредба со останатите оржја од неговата категорија. Наместо долгото репетирање, овој шаржер му дава на играчот побрзо рептирање.

Optic

Оптиките се секогаш субјетивни, а што играчите планираат да прават со билдот диктира која оптика е најдобра. Holographic sights се добар избор доколку не сте сигурни што сакате.

Tac Laser

Овој додаток ќе му даде на оружјето многу потребната ADS брзина, но и ќе ја подобри неговата прецизност. Треба да се спомне дека ласерот е видлив за сите.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK